Цел живот се кријат, добиваат помош од полицијата: Што се случува со оние кои ја напуштаат Јакуза?
Бројот на членови на јапонската мафија Јакуза е значително намален, а според некои јапонски медиуми, многу членови добиваат помош од полицијата за да ја напуштат организацијата.
Јакуза е збор кој се однесува на организирана криминална група со потекло од Јапонија.
Наједноставно кажано, зборот Јакуза може да се опише како јапонска мафија.
Во Јапонија, криминалната група е позната и како gokudo, додека самите се нарекуваат и ninkyo dantai.
И, Јакуза дефинитивно е една од најозлогласените криминални групи, позната по строгиот кодекс на однесување, но и нивните ритуални практики како тетовирање на целото тело.
Се проценува дека денес криминалната организација има околу 10.000 членови – број кој постојано се намалува.
Но, членовите на организацијата сепак се криминалци и населението стравува од нив. Па, без разлика што бројот им е драстично намален, тие до денес сеат страв во Јапонија.
А, Јакуза може да биде опасна и за своите членови, особено оние кои сакаат да ја напуштат организацијата.
Што се случува со луѓето кои ќе одлучат да си заминат?
Бидејќи станува збор за криминална организација, сите детали поврзани со неа анегдотични.
Односно, допреле до јавноста преку раскажување на луѓе кои тврдат дека биле дел од Јакуза или луѓе кои се соочиле со организацијата.
Јапонецот Шинја Јујама бил поранешен член на организацијата и има споделено неколку свои искуства.
Според него, не постои одредена постапка со која некој може да ја напушти организацијата, а исходот од барањето за „пензионирање“ главно ќе зависи од неговиот надреден.
Јакуза има бројни ограноци со кои управуваат различни луѓе, па овие управители одлучуваат за оние кои се под нив.
Шинја Јујама има откриено дека тој бил во добар однос со својот надреден, но не сака да споделува детали околу неговото заминување од организацијата.
Сепак, има истакнато дека повеќето едноставно пробуваат да исчезнат, се надеваат дека нема да бидат најдени од организацијата и голем дел од животот минуваат во криење.
Бидејќи, се случувало организацијата да трага по избегани членови, а откако ќе ги фати да ги казни или да ги убие.
Една од казните со коишто се сочуваат членовите е ампутирање на малиот прст на левата дланка.
Но, наводно ова не е цена што треба да ја платат оние кои ќе избегаат и може да се соочат и со друга казна или, пак, воопшто да не бидат казнети.
Според Шинја, имало и членови кои само ги известувале надредените дека сакаат да ја напуштат организацијата.
А ако успеат да си заминат, поранешните членови треба да најдат начин да се интегрираат во општеството.
Бидејќи сепак биле криминалци, сосема во возможно е да треба и да одлежат затвор.
Во Јапонија, пак, многу е веројатно да бидат и стигматизирани бидејќи биле дел од Јакуза.
Според анонимен поранеше член на организацијата, за него најтешкиот дел бил да се врати во нормалното општество.
За јапонски медиум, тој има изјавено дека поминал многу години во организацијата, имал висок ранг и имал навистина лоша репутација.
Постојат приказни за други поранешни членови кои успеале да се снајдат по заминувањето од организацијата – некои го довршиле образованието додека биле во затвор, некои дипломирале, а еден поранешен член станал и свештеник.
Друг проблем за поранешните членови се тетоважите.
Во Јапонија, тетоважите се поврзуваат со Јакуза, па дури и на туристите им се препорачува да ги скријат своите кога се на јавен простор.
Поради ова, некои поранешни членови одлучуваат да ги отстранат тетоважите со ласер.
Поради засилената акција на јапонските власти, многу членови добиваат помош и од полицијата за да ја напуштат организацијата.
Според некои јапонски медиуми, во изминатите десетина години, над 5.000 луѓе ја напуштиле организацијата со помош на полицијата и властите.
И тие одговараат за своите злодела, но наводно добиваат и некаква заштита од организацијата.
Спирова С. | Црнобело