Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Дали можете да погодите која е најгрдата боја во светот?

Боите имаат неверојатна моќ да разбудат разни позитивни чувства како: задоволство, среќа, радост...

dali-moze-da-pogodite-koja-e-najgrdata-boja-vo-svetot-01

Но, постојат нијанси кои имаат и негативен ефект врз човечкото тело.

Една од нив е прогласена за најгрдата боја во светот.

Станува збор за кафено-зелена нијанса – микс од маслинесто зелена и кафеава боја – која добила бројни епитети како боја на нешто валкано, талог, па дури и смрт, а нејзиниот службен назив гласи Pantone 448C или opaque couchѐ.

dali-moze-da-pogodite-koja-e-najgrdata-boja-vo-svetot-02

Иако оваа боја има негативен призвук, сепак нејзината порака е многу важна и моќна.

Всушност, меѓу сите бои и нијанси од сончевиот спектар, најгрдата боја во светот е одбрана за да влијае врз пушачите и да ги поттикне на откажување од цигарите.

Пред 4 години, австралиската влада ја ангажирала истражувачката агенција GFK чија цел било да го направат најнепривлечниот дизајн за кутија цигари кој би требало да биде единствен за сите брендови.

По 3 месеци истражување, експертите дошле до заклучок дека најнегативен ефект може да постигне токму opaque couchѐ која во комбинација со графичко предупредување на опасност за здравјето, има неверојатно негативен ефект врз набљудувачите, но и корисниците на производот.

Пред да биде донесена финалната одлука околу боите кои можат да помогнат за престанување на пушење, во потесниот круг се нашле боја на лимета, бела, беж, темно сива и сенф боја, но и темно кафеавата која прва излегла од конкуренцијата затоа што премногу потсетува на чоколадо.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Најдобрата другарка ми заби нож во грб - ми требаше време да го сфатам тоа и да го прекинам пријате... „Дознав дека одела и зад мојот грб ширела лаги за мене, на нашите заеднички друг...
14 славни личности чии стари фотки покажуваат колку се смениле низ годините Џастин Бибер веќе не потсетува на слаткото русокосо момченце, а по бројните есте...
10-те најсмртоносни временски непогоди од изминативе 20 години Топлотните бранови во Европа, но и бурата што лани зафати делови од Грција и Буг...
13 мали потези со кои луѓето секојдневно придонесуваат за подобро општество - Ги правите ли и вие? Гледам на страна кога некој на банкомат си ја внесува лозинката. Секогаш ја враќ...
Низ илустрации: Како да знаете дали е во прашање љубов или само страст? Како знаете дали сте навистина заљубени, или само имате моментални интензивни ем...
13 трендови на однесување во Македонија и светот денес, кои се загрижувачки Нашите мозоци се преоптоварени од брзата и експлозивна видео содржина на интерне...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg