„Најдобрата другарка ми заби нож во грб - ми требаше време да го сфатам тоа и да го прекинам пријателството“
„Дознав дека одела и зад мојот грб ширела лаги за мене, на нашите заеднички другари ме претставувала како негативец „кој ја напуштил во најтешките моменти“. Ги извртувала моите зборови, а да е уште полошо - ги раскажувала моите тајни, работи кои ѝ ги кажував затоа што ѝ верував“.
Џонас и Ракел биле најдобри пријатели долги години.
Но, нивното дружење завршило по неколку токсични ситуации, поради кои Џонас смета дека таа му забодела нож во грб.
Неговата приказна, Џонас ја раскажа за BrightSide:
„Пријателствата треба да значат разбирање, заедничка поддршка и среќа. Што се случува кога почнуваат да нè цицаат емоционално?
Никогаш не мислев дека ќе треба да престанам да комуницирам со најдобрата другарка, девојка што ја знаев со години. Но, донесов тешка одлука да го заштитам своето ментално здравје и да се ставам себеси на прво место.
Затоа, решив да ви ја раскажам мојата трагична приказна.
Ова е мој начин да се „издувам“ и да се ослободам од емоциите во себе. Не знам дали тога што го направив е погрешно, но во она време ми делуваше исправно. Во моментов, не сум сигурен дека е така.
Ракел секогаш се жали за нешто. Треба да работи 24/7 за да го задржи кровот над глава, зашто дечко ѝ, со кого е во врска седум години има анксиозност и „не може да работи“.
Иако сочувствував со неа, ме исцрпуваше постојано да ја слушам како се жали, а немаше знаци на подобрување.
Сакајќи да ѝ помогнам, ѝ испратив неколку огласи за работа за него - идеални за некој кој има анксиозност. Се надевав дека дечко ѝ ќе најде нешто што му одговара и нејзиниот товар ќе се намали.
Но, наместо да го цени гестот, Ракел им кажала на нашите заеднички пријатели дека „пробувам да го вработам дечко ѝ„, но и дека сум „ужасна личност што ѝ се мешам во животот“.
Не е првпат моите обиди да ѝ помогнам да ги сфати погрешно и да се однесува непријателски кон мене.
Кога и да пробам да ѝ зборувам за мојот живот, за некоја моја врска, таа го врти разговорот и пак се враќаме на истата приказна за нејзиното страдање.
Последната капка што ја прелеа чашата беше кога добив нова работа, и тоа онаква каква што отсекогаш посакував. Не можев да дочекам да ѝ ја кажам веста на мојата најдобра другарка.
Но, пред да ја завршам реченицата, Ракел ме прекина со коментар кој ме шокираше: „Не ми се верува дека зборуваш за работата од соништата кога јас сум заглавена со ужасна работа и не можам да ја сменам“.
Во тој момент сфатив дека нашето пријателство е еднострано, а таа е секогаш негативна и не може или не сака да ме поддржи. И тоа ме исцрпуваше емоционално. Затоа решив да прекинам секаков контакт со неа.
Една недела подоцна дознав дека одела и зад мојот грб ширела лаги за мене, на нашите заеднички другари ме претставувала како негативец „кој ја напуштил во најтешките моменти“.
Ги извртувала моите зборови, а да е уште полошо - ги раскажувала моите тајни, работи кои ѝ ги кажував затоа што ѝ верував.
Иако се дружевме со години, таа ми забоде нож во грб. Беше многу болно, но тоа ми даде сила да останам на страна и да не се каам што го прекинав пријателството.
Неколкупати проба да ми се извини и да стапи во контакт со мене, но немам желба да слушнам што има да ми каже. Преку некои работи не може да се премине“.
А. Ј. | Црнобело / фото: Freepik.com