Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Неисполнетите емоции никогаш нема да умрат...

Поголемиот дел од емоциите кои се мешаат во нашиот секојдневен живот, нашите негативни емоции и реакции, малку се поврзани со она што ни се случува во моментот. Тие доаѓаат од болни сеќавања од детството, закопани длабоко во нас, а со нив треба да се соочиме.

neisponetite-emocii-nikogash-nema-da-umrat-01.png

Кога тие спомени потсвесно се активираат, рационалноста исчезнува. Стануваме пречувствителни, крути, ирационални и несигурни. Излегуваме надвор од контрола и не можеме да се соочиме со нашата моментална емоционална состојба.

Мислиме дека знаеме точно зошто така реагираме, но ретко кога сме во право - всушност, реагираме на нашата емоционална болка од минатото.

Нашиот ум ги изнесува тие емоции на површина со прецизна причина - нашето тело не ги посакува тие токсични емоции, посебно не да останат затворени во нас, па ја користи секоја можност да ги извади на површина.

Но, понекогаш тешко е да се пронајдат вистинските зборови кои се наоѓаат внатре во нас, па емоциите едноставно сами излегуваат. Знаеме дека се чувствуваме вознемирени и неудобно, дека не сме во рамнотежа, но не знаеме зошто.

Токму тој недостаток на разбирање за емоциите кои излегуваат од нас, нè тера неуморно да се обидуваме да ги сокриеме своите непријатни емоции, да ги „закопаме“ и пред светот да покажеме среќно лице.

Барем нè учеле дека емоциите е срамота да се покажуваат пред јавноста, бидејќи истите се знак на слабост. Нашите емоции ни предизвикуваат срам. Се плашиме дека секоја секунда можеме да бидеме осудени или одбиени...

Како резултат на тоа, многу од нас ја негираат емоционалната болка многу долг период. Навикнати сме тоа да го правиме и несвесно, бидејќи така знаеме и можеме да функционираме секојдневно.

Проблемот е во тоа што животот е многу повеќе од само таквиот начин на функционирање, постои разлика меѓу постоењето и вистинското живеење. Единствениот услов за физичкото постоење е да вдишуваме и издишуваме воздух. Вистинското живеење подразбира да бидеме присутни во сопствениот живот.

Станува збор за сè што ни е потребно во животот. Се работи за љубовта, фантазирањето, сонувањето, целите, подобрувањето на врските со луѓето околу нас, развојот на личниот живот, личниот раст и развој, пронаоѓањето на нашите страсти...

Емоциите се природен извор на животот. Забранувањето или потиснувањето на емоциите води до негирање и на животот. Нашата способност да сакаме и да бидеме сакани се базира на нашата способност да ги препознаеме емоциите во себе... Да ги прифатиме...

Нашите емоции се индикатори на она што се случува внатре во нас, Кога дозволуваме да ги почувствуваме, тие се само привремени. Потиснувањето и репресијата на емоциите води до тоа да ја задржуваме подолго болката во себе.

Така се појавуваат токсичните емоции кои ни ги крадат самодовербата и љубовта кон себе. Нè тераат да реагираме на начини кои се непожелни. Не тераат да станеме зависни, депресивни...

И растат...

Бенигните, но здодевни симптоми како што се несоницата, главоболката, проблемите со желудникот и уморот се вообичаени последици на нивното растење внатре во нас. Но, исто така, може да предизвикаат и појава на хронични болести кои сериозно можат да наштетат на нашето здравје.

Емоциите можат да бидат прилично болни, посебно кога не сме си дозволиле вистински да ги почувствуваме, но мораме да научиме да ги почувствуваме. Еднаш штом ќе си дозволиме тоа да се случи, ќе откриеме дека не се емоциите тие кои нè повредуваат, туку нивното негирање кое нè повредува.

Свесноста е првиот чекор во раскопувањето на закопаните емоции...

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Фото-докази дека некои луѓе имаат неверојатна среќа во животот „Мајка ми си ја најде изгубената мачка после 1 година“. „Потсетување секога...
8 (помалку очигледни) знаци дека имате висока емоционална интелигенција Имате емпатија кон другите, прифаќате критики, сигурни сте во себе, но внимавате...
5 „себични“ работи што ќе ве направат посреќна личност Да поставите граници, да кажете „не“ – некои работи можеби делуваат себично, но ...
Вечерва почнува зимското сметање на времето: Како влијае врз луѓето и како да се адаптирате полесно? Ноќта кога почнува зимското сметање на времето, добиваме еден час повеќе за спие...
Строги правила што треба да ги следат гостите на Мет гала Телефоните се строго забранети, а гостите не смеат да ја одбијат поканата – во с...
Бојадисајте ги велигденските јајца без хаос: Техника со ориз со која ќе се забавуваат и најмалите Бојосувањето јајца за Велигден може да биде вистински стрес ако имате мали деца ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg