Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Зошто мажите имаат бради: Еволуциска приказна која трае и денес

Која е смислата и поентата на брадата? Децата, жените и многу мажи живеат сосема добро и без неа. Но, ако прошетате по улица ќе наидете на разни бради од сите величини и облици, од прецизно „дизајнирани“ до залепени мустаќи и хипстерски бради.

zoshto-mazhite-imaat-bradi-evoluciskata-prikazna-koja-trae-i-denes-01.jpg

Кога ќе забележиме дека некој маж внимава на својот изглед многумина би заклучиле дека тој е во потрага по партнерка.

Во споредба со мажјаците и женките од други бројни примати, мажите и жените во просек имаат големи разлики, меѓу другото е и длакавоста. Објаснувањето лежи во еволуцијата низ сексуалната селекција – процесот во кој се дава предност на одредени својства кои ги зголемуваат шансите за парење.

Но, она што е интересно е тоа што жените не се многу заинтересирани за бради. Додека некои истражувања покажуваат дека жените ги сакаат брадите од два, три или повеќе денови, други велат дека подраг им е „чистиот“ изглед. Поради тоа, не може еднозначно да се заклучи дека брадите еволуирале поради тоа што им се привлечни на жените.

Од тука, се тргнува кон нов заклучок т.е. експертите велат дека одговорот се крие во поинаков вид на полна селекција. За репродукција не е доволна само атрактивноста, туку можноста за парење се добива преку натпревар со други припадници на истиот пол.

Самоприкриен, тивок тип нема никакви шанси во споредба со доминантен, самоуверен маж. Постојат докази дека брадите се развиле токму за мажите полесно да можат да ги освојат своите избранички.

Спротивно од мислењето на многу луѓе, брадата не е нераскинливо поврзана со нивото тестостерон. Напротив, бројни студии покажуваат дека и жените и мажите брадестите луѓе ги доживуваат како постари, посилни и поагресивни од другите. А, доминантните мажи имаат поголеми шанси за репродукција бидејќи ги плашат соперниците и ги тераат да останат повлечени.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кога дизајнерите ќе претераат со креативност – смешни и неупотребливи предмети (фото) Бизарни украси кои чинат цело богатство и мијалник кој изгледа добро, но ќе треб...
Фото-докази дека некои луѓе не знаат да се однесуваат во ресторан Амбалажа од тампон во чинијата, расфрлана храна на подот, менување пелени на мас...
Необични детали од секојдневието во Јапонија што ги бунат туристите Тоалети во лифтовите во случај некој да биде заглавен поради земјотрес, но и ваг...
Иритантни (и некултурни) работи кои не треба да ги правите кога сте во ресторан Кога сте во ресторан, може да правите некои работи за кои мислите дека се корисн...
10 знаци дека вашата пријателка е токсична за вас (и треба да се оддалечите) Се чувствувате истоштено после секоја средба со неа, се чувствувате како пријате...
Бон-тон правила на кои најчесто не им обрнуваме внимание (иако треба) Вистинските дами на важните настани носат хулахопки, дури и кога надвор е премно...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg