Ако се сомневате дека некој ве следи - зевајте: 12 психолошки трикови за полесен живот

Секој човек е различен универзум, но психолозите сепак тврдат дека постојат одредени детали и ситници кои се заеднички за сите луѓе во светот.

ako-se-somnevate-deka-nekoj-ve-sledi-zevajte-12-psiholoski-trikovi-za-polesen-zivot-01.jpg

Токму затоа, овие 12 психолошки трикови може да ги примените сите и на секого и да имаат успешни резултати.

Плус, сигурно ќе ви го направат животот полесен:

1. За да откриете дали му се допаѓате некому, одберете збор и секој пат кога тој/таа ќе го каже зборот или фразата, насмевнете се и кимнете со главата. Ако му/и се допаѓате, ќе започне да го користи зборот или фразата многу често.

2. Сакате луѓето да ве сфатат сериозно? Секој пат кога кажувате нешто, кажете дека вашиот татко ви го кажал тоа. Луѓето далеку посериозно ги сфаќаат советите од родителите.

3. Станете шампион во „лист, камен, ножички“ така што непосредно пред да почнете со играта ќе поставите неочекувано прашање. Во повеќето случаи луѓето кои се збунети или изненадени одбираат ножички.

4. Ако сакате луѓето да се согласат со вас, само кимнете со главата додека зборувате. Кимнувањето е знак дека „сè што кажувате е вистина“. Плус, рефлексно луѓето ќе ви возвратат на потврдното нишање со главата.

5. Кога сте во гужва, сакате истата да се расчисти побрзо за да можете да поминете? Кога сте во таква ситуација, само гледајте во насоката во која одите. Ќе бидете зачудени како луѓето сами ќе се тргаат од вашиот пат. Овој трик всушност и не е трик, туку едноставно во гужва секогаш ги гледаме луѓето во очи за да откриеме во која насока се движат, за ние да се потргнеме. Затоа, насочете го погледот во правецот во кој одите, не шарајте наоколу со очите.

6. Ако некоја песна не ви излегува од глава, а сакате да ја заборавите, пробајте да го испеете нејзиниот крај. Нашите мозоци имаат тенденција да ги паметат работите кои сме ги оставиле недовршени.

7. Ако сакате децата да пројадат брокула или било која друга храна која ја одбиваат, понудете им конкретен број на залчиња или парчиња. Пример, понудете им 5 гранчиња брокула, наместо да ги прашувате дали сакаат да јадат брокула за ручек. На овој начин давате јасно дознаење дека сте одбрале што ќе ручаат, но истовремено им оставате простор тие самите да донесат одлука.

8. Ако имате чувство или се сомневате дека некој ве следи и гледа, само зевнете и погледнете наоколу. Ако некој навистина ве следи и ве гледа, и тој ќе зевне, затоа што зевањето е „заразно“.

9. Вашите пријатели ќе ви помогнат да пренесете нешто, пример тешка кутија, ако им зборувате додека им ја подавате кутијата. Повеќето луѓе нема ни да забележат дека нешто им давате.

10. Ако знаете дека ќе се поздравите со некој, погрижете се рацете да ви се топли. Топлите раце шират пријателска атмосфера, додека ладните имаат спротивен ефект.

11. Кога разговарате со пријателите и сакате да им назначите дека внимателно ги слушате, парафразирајте ја реченицата и кажете ја повторно само на друг начин. Така оддавате впечаток на одличен слушач.

12. Ако сакате некој да ви помогне без да ве одбие, побарајте помош со фразата „ми треба твоја помош...“ Луѓето се чувствуваат виновно да одбијат некој на кој знаат дека му се потребни.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ситуации во кои мажите често се дискриминирани, низ илустрации Срамота е мажот да заработува помалку од сопругата, тие не смеат јавно да покажу...
Хари ќе му биде замена додека да порасне: Што ако принцот Џорџ стане крал пред да наполни 18? Принцот Хари може да биде назначен за регент, односно владетел кој го заменува м...
12 вежби за да си ја зголемите самодовербата (и да се фокусирате на позитивните аспекти од животот) Секое утро замислете се себеси како личност која е успешна, дарежлива, која мирн...
8 совети како да престанете да се плашите од самотијата (и да пораснете како личност) Престанете да верувате дека еден ден некој ќе дојде да ве спаси, да ве извлече о...
Неочекувани ситуации на кои луѓето биле сведоци во секојдневието (фото) Замислете се шетате по улица и одеднаш на нечија тераса гледате коњ... Луѓе спод...
Најубавите двојни имиња за девојчиња (ако не можете да се одлучите за едно) Ана Марија, Нина Миа… Двојните имиња се уникатни и звучат навистина убаво. Ан...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg