Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


7 работи кои само оние со пријателки на далечина можат да ги разберат

Преселбите во други земји или градови се тешки – не само поради пренесување на преполните кутии, туку најмногу поради отежнување на односите со најблиските.

7-raboti-koi-gi-razbiraat-samo-onie-koi-imaat-prijatelki-na-dalecina-01

Иако денес постојат милион начини како да стапите во контакт со нив (Skype, messenger, Viber, FaceTime) сепак, мора да признаете дека екранот никако не може да го замени излегувањето на кафе или силната прегратка кога конечно ќе се видите.

Ова се дел од работите кои ги разбираат само оние кои имаат пријатели на далечина:

1. Едвај наоѓате баланс меѓу деталите и големите животни моменти

Ретко кој разговор ви почнува со „како си?“ туку директно започнувате да објаснувате што се случува, што ви пречи или за што размислувате. Тоа е тоа ниво на удобност и интимност коe дозволува да се расприкажете бидејќи веќе не сте во истиот град или држава.


2. Му благодарите на Бога што постојат FaceTime, Snapchat и другите можности за онлајн комуникација

Знаете за што зборуваме – кога сте на забава и ви недостига вашата пријателка и праќате фотка на Snapchat со зборовите „само ти недостасуваш“ или кога ќе го пронајдете совршениот фустан и посакувате да го слушнете нејзино мислење, или кога нешто навистина важно ќе се случи. Ова се само неколку од позитивните страни на денешниот развиток на технологијата и тие ги прават пријателствата на далечина да ги чувствуваме како поблиски.


3. Ги трошите сите заштедени пари и слободни денови за да ги посетите или за да патувате некаде заедно

Постојано чекате да се ослободите од работа или факултет за конечно да одите да ги посетите. И секој денар го трошите на тие посети. А, двете постојано си праќате фотографии каде да одите следно или што ќе правите кога ќе се видите. И вие и таа постојано одбројувате уште колку има до вашата следна средба.


4. Си имате интерни шеги, кои секако, само вие си ги разбирате

Имате скоро цел лексикон со зборови и фрази што само вие може да ги објаснете. Доволно е само да го погледнете телефонот за да се „згазите“ од смеење на она што таа ви го пратила.


5. Постојано сте тука една за друга

Животот е тежок и постојано си игра со нас. Но, иако вашата најдобра пријателка не е тука, кога ќе се јавите и кога ќе го слушнете нејзиниот смирувачки глас полн со утеха, веднаш ви станува подобро.


6. Не ви е срам да ја искажете носталгијата по нив

Повиците секогаш ги завршувате со „те сакам“ и „едвај чекам пак да се чуеме или пишеме“ и секој викенд посакувате таа да беше тука за да можете да излезете и да се шегувате и тоа им го кажувате на пријателките од градот во кој живеете. Се трудите да зборувате што е можно почесто, но некогаш ви се случува дури и цел месец и повеќе да не се чуете, но истата секунда кога ќе се јавите, ништо не е променето.


7. Двете напорно се трудите да ја одржите врската

Постојано планирате средби, се трудите да се слушате што е можно почесто и да си ги раскажете настаните од на работа или од на факултет, но некогаш тоа и не е толку лесно. Убавината на ваквите пријателства е што само најсилните можат да опстојат и ако некој сака да ви биде пријател, тој ќе најде начин.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

5 чести грешки што треба да ги имате предвид пред да се тетовирате Добро размислете која големина најмногу ќе ви одговара на вашата тетоважа, а ако...
7 знаци дека сами на себеси си вршите булинг и како да си помогнете (низ илустрации) Најчесто се зборува за насилството што го трпиме од другите, а често не сме ниту...
10 забавни илустрации кои покажуваат колку се разликува животот во град и во село Кога ве мрзи да станете и да ја пуштите машината за садови, потсетете се дека не...
Совети и бон-тон правила со кои ќе ги избегнете незгодите на плажа Не оставајте дупки на плажата ако вашите деца си играле и не разменувајте нежнос...
Магијата на женското пријателство: Илустрации кои ќе ги разберат само најдобрите пријателки Од детска игра, до заеднички подготовки за излегување во младоста, преспивања ед...
Кафе, чипс и уште 5 работи кои биле откриени случајно Според легендата, гостин во ресторан не бил задоволен од помфритот и побарал ком...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg