5 работи кои треба да ги направите денес, без одложување

Постојат одредени работи кои речиси сите треба да ги направиме, но обично ги одложуваме, а со нивното одложување ги потиснуваме важни задачи многу подлабоко во меморијата.

5-raboti-koi-treba-da-gi-napravite-uste-denes-01

И тоа е еден магичен круг кој постојано се повторува сè додека не се ставиме себеси на прво место и сфатиме дека тие работи се премногу важни за да бидат одложени макар и за утре.

Ова се работите на кои треба да им се посветите уште денес, бидејќи штом ги направите ќе сфатите дека одложувајќи ги нив сте ја одложувале и сопствената среќа и задоволство.

1. Организирајте го вашиот дигитален простор

Ова вклучува бришење на илјадници и илјадници стари мејлови, „чистење“ на телефонот и компјутер од сите непотребни и правење резервни копии на сите важни документи. Знаеме дека звучи досадно и дека одзема многу време, но ќе бидете многу благодарни за ова ако му се случи нешто на вашиот компјутер или телефон.

2. Погрижете се за сопственото здравје

Време е да го закажете оној преглед кај докторот, стоматологот, гинекологот кој толку долго го одложувавте. Ништо, ама баш ништо, на светот не е поважно од вашето здравје и никако не смеете да го заборавите тоа!

3. Испразнете го гардероберот

Да. Време е за тоа. Ако мислите дека плакарот ви е преполнет со облека, време е за реорганизација и отстранување на работите кои веќе не ги носите или користите.

4. Вежбајте

За многумина, вежбањето е составен дел од начинот на живот, но за другите - наоѓање мотивација за вежбање може да биде многу тешко. Започнете со мали чекори и да го поставите реални цели кои полека, но сигурно, ќе ги исполнувате поставувајќи пред себе се поголеми и поголеми цели.

5. Поминувајте квалитетно време со луѓето кои ви значат

Често се случува да бидеме толку зафатени со работа или на училиште/факултет па да заборавиме да најдеме време за луѓето кои ни значат. Заборавете на сите деловни задачи барем за кратко и се посветете им внимание на луѓето кои ви значат најмногу животот.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мајката криеше дека детето има вошки“ - Фризери споделуваат приказни за најлошите клиенти „Пред многу време, морав да му ја измијам и скратувам косата на тинејџер кој се ...
8 работи за кои вреди да дадете повеќе пари, за да заштедите долгорочно На кои работи не треба да штедите кога ги купувате? Погледнете кај кои 8 продукт...
8 знаци дека сте личност со висока емоционална интелигенција Лесно работите во тим и генерално сте мотивирана личност – Помалку очигледни зна...
Браво! Култното дело „Бакнежот“ на Густав Климт доби и македонска верзија Ти благодариме што ни ја претставуваш земјата! Ким Синае од Кореја на одличен на...
16 совети од Фројд кои ќе ви помогнат да се справите со анксиозноста Коренот на анксиозноста според Фројд лежи во детството. Ви пренесуваме дел од со...
8 новогодишни подароци кои треба да ги избегнувате ако сакате да подарите нешто уникатно Чорапи и долна облека, чоколадни Дедо Мразовци, шолји за кафе... Што не треба да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg