10 чудни пријателства кои секој од нас ги има во животот

Пријателите се нешто без кое животот би ни бил многу тажен и осамен. Тие се тука секогаш кога ни треба поддршка, охрабрување, но и кога ни треба некој со кого ќе ги прославиме успесите.

10-cudni-prijatelstva-koi-sekoj-od-nas-gi-ima-vo-zivotot-2.jpg

Низ животот многу луѓе го добиваат називот наши пријатели, но ретки се тие за кои овој назив ќе продолжи да важи со години.

Различните години носат различни пријателства, па секој од нас може да се пофали со сосема чудни пријателства кои претходно не можел ни да ги замисли.

Токму затоа листата на пријателства на поголемиот дел од нас е отприлика ваква:

1. Пријателот кој не ве прашува ништо

Не е важно што ви се случило вас во животот, најважното нешто е што му се случува него. Додека вие со часови слушате за неговиот неуспешен состанок, при првата реченица за вашата врска веќе ве прекинал раскажувајќи за новата девојка која ја запознал пред некој ден.

10-cudni-prijatelstva-koi-sekoj-od-nas-gi-ima-vo-zivotot-1.jpg

2. Пријателот со кој не знаете да комуницирате кога сте сами

Не станува збор дека не ви се допаѓа, туку едноставно не сте толку добар пријател со него, па штом инцидентно ве остават сами веднаш посегнувате по телефонот и проверувате што има ново на сите социјални мрежи.

10-cudni-prijatelstva-koi-sekoj-od-nas-gi-ima-vo-zivotot-2.jpg

3. Пријателот со кој во ниту еден случај не смеете да бидете сериозни

Ако ви каже некој смешен виц, не е доволно само да се насмеете, туку мора да глумите дека паѓате во несвест од смеење и дека тоа е најдобриот виц кој сте го чуле. Ваквите луѓе ја мразат сериозноста и секое однесување кое не е пренагласено го сметаат како предавство од ваша страна.

10-cudni-prijatelstva-koi-sekoj-od-nas-gi-ima-vo-zivotot-3.jpg

4. Двојно-обврзувачко пријателство

Ова е пријателот со кој се гледате навистина ретко бидејќи ви се потребни месеци за да договорите средба, секако заради „огромниот“ број обврски на секој од вас. Вистината е дека всушност ниту еден од вас не чувствува среќа за таа средба туку ја смета како уште една досадна обврска која мора да се исполни.

10-cudni-prijatelstva-koi-sekoj-od-nas-gi-ima-vo-zivotot4.jpg

5. Пријателство кое наликува на брак

Долгогодишно пријателство во кое едниот има некакви скриени чувства за другиот кои се малку повеќе од „пријателски“. Сепак проблемот се крие во стравот на оној кој нешто чувствува, бидејќи плашејќи се дека доколку ги открие вистинските чувства ќе наиде на завршување на пријателството, го поминува животот во агонија постојано надевајќи се дека и „пријателот“ го чувствува истото.

10-cudni-prijatelstva-koi-sekoj-od-nas-gi-ima-vo-zivotot5.jpg

6. Историскиот пријател

Епитетот „историски“ го добил бидејќи сте се запознале уште како деца и сте останале заедно низ годините и покрај тоа што сите ви кажуваат дека сте некаков чуден спој. Од денешна гледна точка сигурно не би сте се здружиле со некој таков, но тоа што возевте велосипеди на улица уште од 4 години и ви беше најдобар пријател долги години едноставно ве тера да го одржувате тоа што сте го имале иако веќе немате 4 години.

10-cudni-prijatelstva-koi-sekoj-od-nas-gi-ima-vo-zivotot6.jpg

7. Пријателот со сосема различна животна патека

Во детството и тинејџерството обично имате слични обврски и навики, но проблемот доаѓа кога едниот од вас стапил во брак, основал семејство... а, другиот сè уште е сам без никакви обврски кои наметнуваат малку поголема сериозност. Сепак имајте на ум дека ова е само еден период од животот, а ако вашето пријателство е доволно цврсто, ова времено разединување нема да му може ништо.

10-cudni-prijatelstva-koi-sekoj-od-nas-gi-ima-vo-zivotot-7.jpg

8. Пријател-непријател

Секогаш постои „пријателот“ кој всушност длабоко во себе ве мрази токму заради сето она што сте. Најчесто тоа е некој пријател од детството со кого сте поминале многу заеднички нешта, но после некое време вам работите ви тргнале од рака, а тој останал да тапка во место. Неговата неоствареност прераснала во завидливост скриена под маската на некогашното пријателство.

10-cudni-prijatelstva-koi-sekoj-od-nas-gi-ima-vo-zivotot8.jpg

9. Фејсбук-пријателот со кој сте опседнати

Можеби и самите не знаете зошто, но тука е тој Фејсбук-пријател чиј профил го посетувате минимум 5 пати дневно и знаете сè за него. Понекогаш ова се должи на недостатокот од забава во сопствениот живот па сакате да видите дали тој другиот е среќен или тажен, дали му се случува нешто интересно или не... Но, секогаш кога го правите ова не заборавајте дека и вие имате некој таков „пријател“ кој знае буквално сè што сте објавиле на Фејсбук.

10. Надмоќен пријател

Најдобриот начин за одржување на едно пријателство е кога и двете страни се рамноправни. Но, сите ние го имаме пријателот кој мисли дека секогаш работите треба да бидат по негово, а вие треба послушни да се покорите на неговите желби.

10-cudni-prijatelstva-koi-sekoj-od-nas-gi-ima-vo-zivotot-9.jpg

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

13 интересни работи што можете да ги видите само во Дубаи Климатизирани автобуски станици, напуштени луксузни автомобили, полупразни стока...
Судбински средби и нови почетоци – Каква енергија ви носи денешниот датум 11.01? Денес треба да го направите првиот чекор за сите ваши соништа да станат реалност...
Според нумерологијата и датум на раѓање: Личности кои најдобро знаат да даваат совети Иако оваа способност може да ја имаат личностите родени на кој било да...
6 совети за совршени Инстаграм фотки на плажа Кога е многу сончево, поради силната светлина не можете да ја добиете совршената...
Како да оставите добар прв впечаток: Што смеете, а што никако не треба да правите? Смејте се, но имајте граници. Хуморот честопати е тајната состојка во „рецептот“...
9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg