20 работи кои не треба да престанете да ги правите кога животот ви удира шлаканица

20-raboti-koi-ne-treba-da-prestanete-da-gi-pravite-koga-zivotot-vi-udira-shlakanica-01.jpg

Разочарана. Исплашена. Полна со сомнежи.

Се плашев да одберам од страв дека нема да го направам правилниот избор.

Дали овие чувства и мисли ви звучат познато?  Дали ве тераат да заплачете и да се откажете од сè? Дали ве тераат да бегате во непознат правец и да се криете зад топлото ќебе со глас кој одѕвонува како ехо во главата? Глас кој ви вели: „мојот живот заврши“?

Барем знам дека мене ми се случувало тоа.

Понекогаш ми се чини како целата мојата внатрешна мотивација да била исцицана од некој надворешен паразит, замислен паразит кој ме остава во темнина со тешко срце и изгубен разум.

Нешто слично како кога по којзнае кој пат нема да ја добијам работата од соништата или кога минатото ќе се најде на еден чекор од мене за да ми каже дека сум направила нешто погрешно или дека сум требала да се најдам некаде во дадено време и место.

Сакам очајно да избегам од ситуацијата, но единствениот начин е да се соочам со истата.

Во таквите моменти како животот да си го ставав на пауза, во некоја вонредна состојба и се убедував дека не смеам да продолжам со животот сè додека не исчезне лошата ситуација.

Проблемот е во тоа што тешко ми беше да ги прифатам тешките времиња, а тоа ме држеше далеку од среќата.

Токму затоа, сега, никогаш не го ставам животот на пауза тогаш кога ми удира силна шлаканица на лице.

Одбирам да ги правам моите омилени мали работи кои прават да се чувствувам жива.

Еве неколку примери:

1. Не престанувам да се лакирам во шарени бои.

2. Не престанувам да се јавувам на мојот дедо за да му кажам дека го сакам.

3. Не престанувам да го гледам „Woman on Top“ иако сум го прегледала над милион пати.

4. Не престанувам да се смеам на изгревот на сонцето.

5. Не престанувам да играм со кучето на сосетката.

6. Не престанувам да дишам.

7. Не престанувам да ја држам раката на мојот сакан.

8. Не престанувам да верувам дека она што ми се случува во моментот се случува поради причина.

9. Не престанувам да трчам.

10. Не престанувам да пијам кафе со мојата најблиска пријателка.

11. Не престанувам да сонувам за новите авантури.

12. Не престанувам да ја слушам „Everywherе“ од Fleetwood Mac.

13. Не престанувам да го читам омилениот цитат од Карл Јунг: „Твојата визија ќе стане јасна тогаш кога ќе погледнеш во своето срце. Кој гледа надвор од срцето - сонува. Кој гледа во срцето - се буди.“

14. Не престанувам да се смеам на фактот дека премногу сериозно го сфаќам животот.

15. Не престанувам да пијам темно, тешко, жешко чоколадо кога надвор е тмурно.

16. Не престанувам со утринското растегнување.

17. Не престанувам да ги носам омилените обетки.

18. Не престанувам да ги сакам сопствените доблести и маани. Безусловно.

19. Не престанувам да го гледам омиленото видео на YouTube за тоа како пречките и тешкотиите да ги претвориме во животни можности.

20. Не престанувам да ги правам работите кои прават да се чувствувам жива.

Од голема помош ми беше да направам листа – зошто да не го направите тоа и вие?

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Стјуардеси ги откриваат петте највалкани места во авионот Помошните масички кои се наоѓаат на седиштето честопати се користат за јадење ил...
Сериски убијци кои биле пуштени од затвор и денес се на слобода Некои сериски убијци биле пуштени од затвор поради добро однесување, а некои, ед...
9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...
Низ илустрации: Застарени верувања кои треба да ги оставиме во минатото Мажот не смее да стапне во кујна бидејќи готвењето е женска работа и уште 7 заст...
14 типови на манипулатори кои ве искористуваат без да сте свесни, низ илустрации Замислете дека некој ви нуди услуга, но знаете дека потоа ќе очекува да му се од...
Екстравагантна свадба во Швајцарија е како ледена бајка: Невестата „смрзната“ во коцка мраз, ангел л... Невеста „замрзната“ во коцка мраз, маж преправен во ангел кој „лета“ над младенц...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg