20 работи кои паметните луѓе ги избегнуваат

Дали постојат многу работи кои добро ги паметите? Дали тоа може да се смета за висока интелигенција? Можеби интелигенцијата се огледува во мудроста при донесување на одлуки во пресудни моменти или способноста да се извлечете од лошите ситуации...

20-raboti-koi-pametnite-lugje-gi-izbegnuvaat-001.jpg

Можеби таа е способност да ги разгледувате работите од повеќе аспекти пред да донесете било каква одлука за идните дејствија.

Веројатно, би рекле дека интелигенцијата е добра комбинација од сите горенаведени карактеристики...

Ако некој е паметен и успешен, тешко е да се одреди точната причина за успехот и благосостојбата на таа личност. Рака на срце, далеку полесно е да се воочи она што паметните луѓе го прават и да дојдеме до заклучок што треба да избегнуваме.

Ако ги избегнеме негативните работи, останатото ќе си дојде природно...

1. Не пропуштаат можност да заштедат пари

Штедењето на еден начин претставува доблест, но не треба да ги мешате со алчност и скржавост. Успешното водење на финансиите и избегнувањето на непотребни трошоци е квалитетот кон кој треба секој човек да цели.

2. Не се потпираат на другите

Добро е да имате пријатели, членови на семејството и соработници на кои можете да се потпрете и да имате доверба. Секој треба да има барем една личност на која може да смета, тогаш кога доаѓаат тешките денови. Меѓутоа, постојаното потпирање на некого е само знак за немоќ.

3. Не делуваат неодговорно

Ова не треба да се сфати како „паметните луѓе не се забавни“ или „паметните луѓе се здодевни“. Можете да се забавувате односно, одговорноста не треба да ја едначите со неспособноста да бидете забавни, таа само значи дека имате организиран стил на живот.

4. Не се чувствуваат поразено само затоа што треба повторно да ги анализираат своите ставови

Нашата околина, родителите, образованието и минатото - сите тие работи влијаат на нашите ставови и нашата перцепција за светот. Уверувањата кои ги стекнуваме сами по себе не се лоши, но можат да се покажат како неоправдани кога ќе се соочиме со нови искуства.

5. Не плачат за своите грешки

Не е невообичаено некоја идеја да ви изгледа како ремек-дело, а јавноста да не биде импресионирана од истата или да ја критикува. Тоа може да ве понижи, но се случува, сакале или не. Тоа не значи дека треба да се откажете од сонот.

6. Не дозволуваат минатото да им биде препрека

Минатото не може да се избрише. Мораме да научиме како да се носиме со него, сакале или не. Ако можеме да направиме нешто корисно од минатото, тоа е да научиме нешто од него, а не да ја затвораме вратата и да се откажеме од сè.

7. Не се потпираат на среќата за да ги решат своите проблеми

„Надевајте се на најдоброто, но подгответе се за најлошото“ - добар цитат тогаш кога вложувате време и труд во нешто. Тоа значи дека не треба да се надевате, а да оставите мрзеливоста да завладее со вас и на крајот да бидете разочарани.

8. Не ги игнорираат важните аспекти на нивното работење

Еден од клучните фактори за успех е обрнувањето на внимание кон сите детали и аспекти од една работа или задача. Логиката не може секогаш да ви биде беспрекорна, но она што можете да го направите е целосно да се посветите на задачите.

9. Не престануваат да учат од сопствените грешки

Грешките се неизбежни - порано или подоцна се случува работите да не се одвиваат онака како што сте планирале или посакувале. Не можете секогаш буквално сè да имате под контрола, а никој од нас нема толкав степен на свест да предвиди сè.

10. Не се откажуваат од своите идеи само затоа што другите не се согласуваат со нив

Знаеме дека многумина би рекле дека треба да знаете кога да се откажете и да почнете одново, дека преголемата тврдоглавост и агресивниот став можат да ви донесат лоши резултати, но мудрите луѓе знаат кога треба да форсираат и да истраат во ситуации кои се чини дека ќе завршат на лошо.

11. Не даваат критики заради кои би можеле во иднина да испаднат слаби

Делата зборуваат повеќе од зборовите. Не би требало да бидете премногу самоуверени и да користите раскошни зборови за опишување на вашите идни активности. Ќе изгледате само како да барате внимание од другите и ќе ја изгубите својата веродостојност.

12. Не пропуштаат можност да го прошират своето искуство

Постојаниот труд и напредувањето во разни подрачја се токму тоа кон кое секоја паметна личности цели. Постојано го прошируваат своето знаење и разбирање на светот, постојано ги тестираат своите теории и носат нови.

13. Не знаат како да се откажат од добрите цели

Слично како и со добрите идеи, мудрите луѓе не се откажуваат од целите за кои вредно се бореле. Револуции се дигале заради таквите личности кои успевале да го променат целото општество и да донесат нешто подобро.

14. Максимално го искористуваат потенцијалот

Недостатокот на знаење поврзано со одредено подрачје или недостатокот на потребни вештини за остварување на одредена задача, автоматски прават некого неспособен. Паметните луѓе имаат добар начин за совладување на овие препреки.

15. Не ги преценуваат своите способности

Амбицијата и напорот се здрави, но до одредена мера, бидејќи без умереност, овие карактеристики можат да бидат и опасни. Пред сè, ако континуирано се исцрпувате, тоа може да има негативно влијание на вашето здравје.

16. Не создаваат непотребни непријатели

Без разлика на вашиот статус, дали сте ѕвезда, шеф или само вработен, веројатно ќе наидете, кога тогаш, на препреки, расправии, а можеби и непријатели. Се случува, вашите идеологии и гледишта едноставно се судираат, но потребно е да најдете решени за конфликтните ситуации.

17. Не дозволуваат гордоста да биде препрека

Во духовните учења гордоста се смета за лоша карактеристика, но реалноста е сосема поинаква. Потполно е прифатливо да бидете горд на себе, но не е добро кога таа гордост влијае на вашиот однос со другите луѓе, како и на односот кој го имате кон вашата работа.

18. Не ги „ставаат сите јајца во иста кошница“

Никогаш целосно не инвестирајте во реализација само на една идеја. Секогаш имајте резерви, алтернативи, потенцијални планови... Имајте на ум дека секогаш постои опцијата нешто да не заврши како што треба, па да морате да се откажете од идејата.

19. Не се залажуваат дека сè ќе оди лесно

Никогаш не треба да живеете во илузијата дека животот е лесен. Вашите напори можат да бидат одбиени, но како што прават интелигентните луѓе, треба да знаете кога треба да станете и сè да започнете одново.

20. Не ризикуваат непотребно

Сите ние во животот, во одреден момент сме биле во можност да преземеме некаков ризик за да добиеме поголема добивка. Но, важно е да бидете паметни и да пресметате кои ризици вреди да ги преземете, а кои да ги избегнете.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како би изгледале актерките од златната ера на Холивуд со денешните стандарди за убавина? Од Елизабет Тејлор до Мерилин Монро и Грејс Кели - можете ли да замислите како б...
10 фото-докази дека мажите и жените се навистина од различна планета „Му реков на сопругот да ми купи неколку штипки за коса додека е во маркет. Доби...
Предлози за новогодишни подароци од македонски мали бизниси Новогодишните и божиќните празници се секогаш убав момент за подарување. Идеите ...
Модерни навики и промени во светот што им пречат и на младите луѓе „Преку глава ми е што треба да користам посебна апликација за секој аспект од жи...
Австралијанка со шминка се трансформира во светските ѕвезди (видео) Од Леонардо ди Каприо преку Хери Стајлс, со Зек Ефрон - Евелин Коста прави невер...
Проблемите и двојните стандарди со кои се соочуваат жените во модерното општество, низ илустрации „Општеството очекува жените да работат како да немаат деца и да се грижат за дец...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg