Друштвен vs. виртуелен живот
Поголем дел од вашето време го поминувате на социјалните мрежи? Таквото однесување може да предизвика депресија, потврдуваат научниците.
Луѓето кои многу време поминуваат на Интернет имаат повеќе шанси за да заболат од депресија, тврдат европските научници.
Откриено е дека луѓето кои често сурфаат на Интернет развиваат компулсивни навики кои ја заменуваат и друштвената комуникација во реалниот живот.
Ова истражување открило дека друштвените Интернет страници кои служат како замена за реалниот живот имаат голема врска со понатамошни пореметувања како што е депресијата и зависноста.
Меѓутоа и после исцрпното истражување сеуште останува непознато дали причината која предизвикува Интернет депресија донесува и понатамошни психолошки пореметувања.
Со цел да се добие детален одговор на ова прашање научниците ќе продолжат да вршат испитувања.
Би можело да ве интересира:





