7 трикови кои ќе ви помогнат да изгледате поубаво на фотографиите

Многу луѓе се убедени дека секогаш изгледаат ужасно на фотографиите и затоа прават сè што можат само за да избегаат од застанувањето пред апарат.

7-trikovi-koi-kje-vi-pomognat-da-izgledate-poubavo-na-fotografiite-001.jpg

Но, сепак малкумина знаат дека тајната на они кои секогаш изгледаат убаво на фотографиите се крие во наоѓањето на вистинската поза на телото.

Саманта Сајмондс, спикер во „Sky News“, открива некои од триковите со кои таа изгледа убаво пред камерите секој ден. Тоа се едноставни, но многу ефективни трикови кои ќе ви бидат од голема корист следниот пат кога ќе помислите да го избегнете фотографирањето.

1. Одберете ја подобрата страна

Речиси сите имаат асиметрично лице. Затоа треба да откриете која страна ви е „поубава“ и секогаш свртете ја таа страна кон апаратот.

7-trikovi-koi-kje-vi-pomognat-da-izgledate-poubavo-na-fotografiite-1.jpg

2. Усовршете го погледот

„Обично се обидувам да имам изглед кој кај луѓето дава чувство на пријатност, па затоа ги кревам веѓите нагоре. Сепак мојот камерман вели дека така изгледам страшно и несигурно“, изјавува Саманта. Затоа застанете пред огледало и вежбајте го погледот кој ја пренесува пораката која сакате да ја пренесете.

7-trikovi-koi-kje-vi-pomognat-da-izgledate-poubavo-na-fotografiite-2.jpg

3. Не се смејте премногу

Преголемата насмевка може да изгледа неприродно и неискрено, а и ретко на кое лице одговара убаво. Воздржаната насмевка може да го направи лицето многу поатрактивно и да ги скрие несаканите брчки.

7-trikovi-koi-kje-vi-pomognat-da-izgledate-poubavo-na-fotografiite-3.jpg

4. Истенчете го лицето

За да го намалите просторот кој лицето го зафаќа на фотографијата држете се до овие две едноставни правила: свртете ја „поубавата“ страна под агол од 30 степени во однос на апаратот и ставете го јазикот во задниот дел на горното непце. Тоа ќе помогне лицето да ви изгледа потесно.

7-trikovi-koi-kje-vi-pomognat-da-izgledate-poubavo-na-fotografiite-4.jpg

5. Заборавете на „duck face“

Ако сакате да изгледате убаво, заборавете на овој смешен тренд. Многу поубаво и поприродно изгледа кога кога вашите усни ќе ги поставите како да треба да бакнете некого.

7-trikovi-koi-kje-vi-pomognat-da-izgledate-poubavo-na-fotografiite-5.jpg

6. Подигнете го апаратот

За да добиете добра слика треба секогаш да бидете малку пониско од апаратот за погледот да ви биде упатен нагоре, но сепак тоа да биде минимално и да не мора да го тегнете вратот.

7-trikovi-koi-kje-vi-pomognat-da-izgledate-poubavo-na-fotografiite-6.jpg

7. Држете ја брадата секогаш крената

Кога се сликате во профил, благо кренете ја брадата. На тој начин вашиот лик ќе има поголема експресивност. Тоа исто така ќе го направи вашиот врат потенок, а образите повисоки.

7-trikovi-koi-kje-vi-pomognat-da-izgledate-poubavo-na-fotografiite-7.jpg

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Неочекувани ситуации на кои луѓето биле сведоци во секојдневието (фото) Замислете се шетате по улица и одеднаш на нечија тераса гледате коњ... Луѓе спод...
Си легнуваш гладен и уште 9 работи што ги разбираат само оние кои живееле во сиромаштија „Сиромаштијата значи постојано планирање за следниот оброк, за следната сметка, ...
8 работи на кои треба да обрнете внимание кога купувате чевли Еластичноста на ѓонот кај ниските чевли, но и формата на вашето стапало - на што...
За вашите принцови и принцези: Кралски имиња кои се популарни и во Македонија Елизабета, Дијана, Александар... Кои имиња со кралско значење се популарни кај н...
Најопасните аеродроми во светот - Предизвик се и за најискусните пилоти Многу кратки писти, аеродроми сместени до плажи полни со туристи – дури и на нај...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg