Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


За Македонците пцуењето е лек: Зошто толку многу ги сакаме пцостите?

Кога би постоело некое натпреварување во пцуење, ние Македонците веројатно би биле победници. Можеби и би стигнале до Гинисовата книга на рекорди во број на освоени титули на ова натпреварување.

za-makedoncite-pcuenjeto-e-lek-zoshto-tolku-mnogu-gi-sakame-pcostite-01.jpg

Ако нешто навистина обожаваме да правиме, тогаш тоа со сигурност е пцуењето. Едноставно не одбираме време. Како да ни е мило, како да се гордееме, па дури и успеваме да се ослободиме од насобраната нервоза.

Дефиницијата за пцуењето вели дека станува збор за навредлив или безобразен збор/изрека кој се употребува за да навредите некого, посрамотите или понижите. Во некои земји порано дури и носеле маски на срамот доколку кажеле некоја пцост.

Но, тоа не е така кај нас. Пцуењето многупати може да се употреби и за сосема спротивна цел.

Често се сеќавам кога бевме деца кога ќе направевме некоја беља дури и дедо ни знаеше да употреби по некој непристоен збор за да ја изрази неговата нервоза, а потоа како низ шега да ни потенцира дека сè во ред.

Кај нас обичај е мажите да пцујат додека работат некоја домашна обврска - додека закачуваат по некоја слика на ѕид или менуваат сијалица или по некој случај, ако излезе некој поголем проблем, тогаш се започнува и со поголеми пцости.

Кога сме биде деца сме го слушале таткото како ги споменува сите светци кои се празнуваат од јануари до декември и сме знаеле дека прави нешто.

Пред некој ден поминав докај сестра ми и го слушнав зетот како пцуе од гаражата. Знаев дека повторно има некои проблеми со автомобилот.

За нас, пцостите се молитва која многу често ја употребуваме, па дури и тогаш кога сакаме да пофалиме некого.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Идеи за кул есенски фотки (број 1: лист како здолниште) Од позирање „преку“ лист на кој имате исечено срце до позирање со чадор од кои „...
Морничави фотки: Природата е убава, но и страшна Знаевте ли дека постојат печурки кои изгледаат толку морничаво, што се познати к...
Малата Натали е хит на ТикТок со нејзиното маче – заедно јадат, спијат и си играат (видео) Животните и децата имаат нераскинлива врска, а доказ за тоа се Натали и нејзинот...
Жени откриваат: „Работи кои сакаме мажите конечно да ги разберат за нас“ „Менструалните болки за некои жени се многу болни и жените не драматизираат“. По...
8 брзински начини да си ја подигнете енергијата и продуктивноста (кога не знаете кај ви е главата) Како да си го подигнете нивото на енергија, концентрација и продуктивност во ден...
10 луѓе кои сосема сами го претворија домот во пријатно катче за уживање (фото) „Се откажав од идејата да следам одреден стил за уредување и почнав да уредувам ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg