Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Среќни сте ако имате една личност покрај себе...

Добро знаеме дека постојат негативци кои успеваат да ни ја исцрпат целата енергија, но постојат и сосема спротивни луѓе, оние пред кои никој не останува рамнодушен.

srekjni-ste-ako-imate-edna-licnost-pokraj-sebe-01.jpg

Постојат луѓе кои како да се создадени од некаков елемент на смеа и игра, како да се дојдени од некој подобар свет и постојат како добри „гости“ во нашиот.

Луѓе кои шират радост. Едноставно, спонтано. Каде и да се појават - се појавува и сонцето.

Кога ќе си заминат во нашата душа сè уште одекнува нивната насмевка и нивната радост бара свој дом во нашето срце.

Такви се што покрај нив никој не останува рамнодушен.

Како возрасни се сериозни, но истовремено знаат и да се однесуваат како деца. Во својата радост пронаоѓаат сила. Како за себе, така и за другите.

Проблемите и грижите не оставаат трага на нивното лице. Ведрината е нивното животно мото.

Неретко посакуваме да бидеме како нив. Или барем да им бидеме добри пријатели. За што е можно почесто да можеме да се напојуваме од изворите на нивната безгрижност.

А, тие се секогаш воодушевени...

Со секого, од секого, од звуците, боите, ветрот, брановите, топлите есенски бои, пастелните пролетни бои, добрата книга, новата средба...

Или воодушевувањето ја раѓа радоста или нивната внатрешна ведрина воодушевува.

Како да се натпреваруваат радоста и воодушевувањето - кој побрзо ќе дојде до збор.

А, ние можеме само да бидеме благодарни што имаме таква личност во животот.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Низ илустрации: 10 типови клиенти кои им одат на нерви на продавачите Луѓе кои се истураат на продавачите и поставуваат прашања за кои тие немаат одго...
„Едвај платив сметки, сега треба и есенски да го украсам домот за да бидам во тренд на Инстаграм?“ Украсувањето на домот за секоја сезона е хит на Инстаграм и поради ова многумина...
8 работи на кои треба да обрнете внимание кога купувате чевли Еластичноста на ѓонот кај ниските чевли, но и формата на вашето стапало - на што...
Доби милиони од пејачот, па исчезна: Што се случи со детето кое прво го обвини Мајкл Џексон за силув... Додека беше тинејџер, Џордан Чендлер доби 23 милиони долари од Мајкл Џексон, как...
13 неверојатни ситуации што се случуваат само еднаш во животот (фото) Постојат ситуации кои може да ви се случат само еднаш во животот и никогаш повеќ...
Селото со повеќе страшила отколку жители - секој кукла е направена по некој починат жител Во селото повеќе нема деца и има само 27 жители, но секоја година го посетуваат ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg