Бонтон за сите ситуации: Не одбивајте храна од домаќинот, подобро оставете полна чинија

Знаењето и начинот на кој се однесувате пред другите влијаат на тоа какви впечатоци ќе оставите. Можеби не треба да знаете која лажичка се употребува за јадење на десет или да избегнувате повици додека сте во друштво, но постојат бонтон правила кои треба да ги практикувате.

bonton-za-site-situacii-ne-odbivajte-hrana-od-domakjinot-podobro-ostavete-polna-cinija-001.jpg

Главната работа која треба да ја сфатите е да ја одредите границата меѓу тоа кога треба да ги следите правилата, а кога можете да се однесувате без да мислите на „непишани закони“.

Неколку важни бонтон правила за добро однесување:

Во ресторани

1. Мажите треба да отворат врата и да им дозволат на дамите да влезат први. Потоа треба да им помогнат со палтото. Ако сте резервирале маса, мажот треба да открие каде е масата.

2. Не треба гласно да се смеете или да зборувате, ниту пак да зјапате во други.

3. Златно правило: Личноста која ја направила поканата, треба да плати за вечерата. Ако не била направена резервација, сметката се дели.

4. Ако гостите инсистираат да ја платата сметката, не правете врева околу тоа и не се обидувајте да ја земете сметката од нив.

На маса

5. Не сите од нас знаат која вилушка или лажица за што се употребува, па затоа не е срамно, пред самиот оброк да го замолите келнерот да ви посочи што треба да употребите.

6. Телефонот никогаш не смее да се најде на масата.

7. Гледајте да не доцните. Оправдувањето дека сообраќајот бил виновен за вашето доцнење не е доволно ако доцните повеќе од 15 минути. Сепак, не е фер да ве чекаат оние кои стигнале навреме.

Разговор

8. Учтивите луѓе ретко кога разговараат за лични работи, односот со колегите кој го имаат на работа, деца, навики и вкусови. Навистина не е важно што сте правеле тоа утро.

9. Учтивите луѓе зборуваат за своето семејство, односно не озборуваат.

10. Слушањето е далеку поважна вештина од зборувањето. Тоа не значи цело време да молчите.

11. Учтивите луѓе никогаш не прекинуваат некој додека зборува, дури и кога станува збор за анегдота која сте ја слушнале по стоти пат.

На посета, гости

12. Не смеете да доцните, но исто така, не смеете ни да подраните. Не е убаво да ги пресретнете домаќините како преместуваат маси, поставуваат чинии...

13. Децата смеете да ги донесете само ако биле вклучени во поканата.

14. Не е учтиво да одбивате храна, ако сте на диета, не би требало воопшто да прифаќате покана за вечера. Можете да побарате помала порција или да оставите храна во чинијата.

Ракување

15. Како правило, ако сте на деловна вечера за потпишување на договор, се ракувате откако ќе го потпишете догворот.

16. Ако со некој штотуку се запознавате, тогаш треба да се поздравите само тогаш кога ќе бидете запознаени.

17. Ако сте на интервју, дозволено е да се ракувате со потенцијалниот шеф.

18. Треба да се ракувате и тогаш кога добивате некаква награда или сте на некоја формална церемонија.

Врати

19. Ако некој ви држи отворена врата, учтиво е да поминете без да зборувате многу. Гостите секогаш влегуваат први, освен ако не е маж, тогаш жената влегува прва.

20. Ако некој се брза пред вас, дозволете му да помине. Така избегнувате гужви.

Скали и лифтови

21. Се смета за учтивост ако маж се качува на скали со жена, тој да биде прв.

22. Во лифт, ако жена е сама, може сама да го стисне копчето до катот на кој треба да се качи. Мажот кој е најблиску до панелот со копчиња, треба учтиво да ги праша останатите во лифтот до каде одат. По правило жените излегуваат први, освен ако лифтот не е преполнет.

Јавен превоз

23. Без збор, младите треба да станат пред постарите, трудниците, жените со деца во раце и оние кои во тој момент не можат да стојат.

24. Маж треба да стане, ако гледа пред него жена која стои.

25. Жените не треба да нудат место на маж, дури и кога е постар, бидејќи не е учтиво да потенцирате дека некој е постар од вас.

26. Помлада жена, ако види дека постар маж влегува треба незабележливо да стане за да има празно место.

27. Ако излегуваат маж и жена заедно, мажот треба да оди пред неа.

Во продавници

28. Ако пазарувате, имајте на ум дека не е учтиво одеднаш да го промените мислењето и продавачот да чека на вас.

29. Бидете сигурни дека веќе имате извадено пари, наместо да барате ситни парички.

30. Не барајте долго време ситни пари, треба да знаете дека денешниот ритам на живеење е брз и останатите не треба да чекаат на вас.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 глупави светски рекорди (кои никој не сака да ги сруши) Најмногу поднесени тужби против фирми и луѓе и најбрзо пишување на тастатура со ...
12 реални фотки на луѓе кои очекуваа луксуз, но се разочараа на одморот Откако ќе ги видите овие реални фотографии, ќе ви стане жал за некои од овие луѓ...
Бон-тон правила на кои најчесто не им обрнуваме внимание (иако треба) Вистинските дами на важните настани носат хулахопки, дури и кога надвор е премно...
Спиеле со мажи само еднаш годишно, десната дојка ја сечеле: Вистини и заблуди за Амазонките Од 12 години се учеле да војуваат, одгледувале само женски деца. Постојат митови...
8 ситуации кои може да ве извадат од такт додека сте на летување, низ илустрации Очекувате да запознаете згоден дечко на плажа, а наместо тоа ви приоѓа само маж ...
Највисоките статуи во светот – некои имаат над 100 метри Најголемата статуа во светот има дури 182 метри и се наоѓа во Индија. Меѓу најви...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg