10 инспиративни приказни кои ќе ви покажат дека никогаш не треба да се откажете

Често се случува проблемите, сосема ненајавено, да влетаат во нашите животи и да го обојат со сивило нашиот живот.

10-neverojatni-prikazni-koi-kje-vi-pokazat-deka-nikogas-ne-treba-da-se-otkazete-01

За некои од нас тоа може да биде само фаза од животот, додека за други може да значи комплетна животна промена.

Прочитајте ги овие приказни за обични луѓе кои морале да се соочат со непријатни настани, но успеале да ги надминат со големо достоинство. Денес, тие се инспирација за останатите дека едноставно ништо не може да ве спречи на вашиот пат во животот.

1. Ник Вујичиќ

10-neverojatni-prikazni-koi-kje-vi-pokazat-deka-nikogas-ne-treba-da-se-otkazete-02

Овој човек живее без раце и нозе и има неверојатен дух и желба за живот. Уште повеќе, тој е доказ дека во секоја ситуација можете да најдете причина да бидете среќни. Ник игра голф, сурфа, патува низ светот, држи мотивациски говори, и е татко на две дечиња. Кога децата на улица го прашуваат што му се случило, тој самоуверено одговара „Од цигарите ми е!“

2. Бил Портер

10-neverojatni-prikazni-koi-kje-vi-pokazat-deka-nikogas-ne-treba-da-se-otkazete-03

Кога имате цел и уште поважно, желба да ја остварите, болестите нема да претставуваат пречка за тоа. Иако Бил Портер боледува од церебрална парализа, отсекогаш сакал да работи во продажба. Тој ја исполнил својата желба, а од неодамна стана и еден од најуспешните продавачи во Америка. Филмот „Од врата до врата“ е посветен на неговиот дух и треба да го гледаат сите оние кои мислат дека нешто ги спречува да ја остварат својата кариера од соништата.

3. Евгениј Смирнов

10-neverojatni-prikazni-koi-kje-vi-pokazat-deka-nikogas-ne-treba-da-se-otkazete-04

Нема ништо полошо за танчар, од тоа да ја изгуби способноста за танцување. Што може да прави професионален танчар кога ќе ја изгуби ногата во сообраќајна несреќа? Ќе продолжи да танцува! Токму тоа го направи и рускиот шампион во танцување, Евегениј Смирнов и покрај фактот дека повторно морал да учи сè од почеток. Неговите настапи во шоуто за танцување биле одличен пример, не само за човечкиот дух, туку и за фактот дека можете да танцувате и без една нога.

4. Олесија Владикина

10-neverojatni-prikazni-koi-kje-vi-pokazat-deka-nikogas-ne-treba-da-se-otkazete-05

Оваа шармантна и прекрасна девојка, иако има само 20 години, поминала низ многу страдања. Во несреќа во Тајланд таа ги изгубила левата рака и нејзината најдобра пријателка. Овој момент го променил нејзиниот живот, но таа не се предала. По несреќата, таа двапати учествувала на Параолимписките игри, освојувајќи златен медал, притоа поставувајќи светски рекорд. Таа одбила да носи протеза и сè што прави, прави со една рака.

5. Силвестер Сталоне

10-neverojatni-prikazni-koi-kje-vi-pokazat-deka-nikogas-ne-treba-da-se-otkazete-06

Дали мислите дека треба да изгледате совршено за да станете добар актер? Секако дека не, а Силвестер Сталоне е одличен пример за тоа. Како резултат на траума при раѓање, долниот дел од левата страна на лицето му е парализиран, а неговата уста е малку искривена, а исто така парализиран е и дел од неговиот јазик.

Уште 5 инспиративни приказни на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Како ќе изгледаа ѕвездите на Bridgerton ако беа ликови од цртаните на Дизни? Bridgerton е серија лкоја ја обожаваат сите генерации. Сите актери се внимателно...
Фотки за утеха: Луѓе кои имаат полоши колеги од вашите Колеги кои со автомобилот зафаќаат две паркинг места и колеги кои чекаат некој д...
Маж со 3 нозе, жена која тежела 2kg – Како изгледале изведувачите во циркусите од минатото? Во 1920-тите, Нели Бланш Лејн била позната како „најголемата жена во светот“ бид...
20 фотки кои ќе ве предомислат ако мислите дека не ви треба летен одмор Ако мислите дека не ви е потребна малку релаксација од работата и да отпатувате ...
12 луѓе со уникатни генетски карактеристики - џиновско влакно од трепки, двобојна брада „Мојата ќерка има прамени на косата во две различни бои“ и уште 11 фотографии со...
Драстична промена по естетска операција - Турчин се трансформираше во Џорџ Клуни Фотографиите од Турчинот Насер пред и по пластичната операција делуваат нереално...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg