10 инспиративни приказни кои ќе ви покажат дека никогаш не треба да се откажете

6. Андреа Бочели

10-neverojatni-prikazni-koi-kje-vi-pokazat-deka-nikogas-ne-treba-da-se-otkazete-07

Слепилото му ја одзема способноста на човекот да го гледа светот, но не и да го чувствува. Можеби токму ова му помогнало на Италијанецот Андреа Бочели, да споделува фасцинантна и инспиративна енергија со публиката преку неговите песни. Тој исто така е и татко на три деца и ужива во животот велејќи дека иако е лишен од можноста да го види светот со своите очи, тој сепак го гледа со неговото срце.

7. Медлин Стјуарт

10-neverojatni-prikazni-koi-kje-vi-pokazat-deka-nikogas-ne-treba-da-se-otkazete-08

Кога имате сон, дури и хендикепот не може да ве спречи да го остварите. Медлин Стјуарт, родена со Даунов синдром, отсекогаш имала желба да стане модел. И успеала во тоа! Секако, за тоа било потребно време. Таа почнала да спортува и изгубила 20 килограми, а потоа долго време се обидувала да влезе светот на модата кој очигледно не бил премногу заинтересиран за личност со Даунов синдром. Но, Медлин ја остварила својата цел. Таа потпишала вреден договор со брендот „Manifesta“ и сега рекламира спортска опрема за жени.

8. Викторија Дувал

10-neverojatni-prikazni-koi-kje-vi-pokazat-deka-nikogas-ne-treba-da-se-otkazete-09

Спортистот секогаш останува спортист. 20-годишната американска тенисерка Викторија Дувал, која преживеала Хоџкинсонов лимфом, го докажува тоа. Таа продолжила да тренира и веќе имаше одличен настап на еден од четирите Гренд Слем турнири. Но, се чини дека Викторија веќе ја извојува најголемата победа во својот живот.

9. Шантел Браун Јанг

10-neverojatni-prikazni-koi-kje-vi-pokazat-deka-nikogas-ne-treba-da-se-otkazete-10

Убавината на овој модел е навистина невообичаена. Кога била малечка, Шантел дознала дека има недостаток на пигментација на кожата, која се нарекува витилиго. Но, со одличното тело и прекрасните црти на лицето, таа одлучила својот недостаток да го претвори во нејзина предност. Како резултат на тоа, таа денес е познат модел.

10. Ксенија Безуглова

10-neverojatni-prikazni-koi-kje-vi-pokazat-deka-nikogas-ne-treba-da-se-otkazete-11

Оваа мајка на две деца победи на изборот на убавина за жените во количка. Таа е активист за човекови права, која сака да ја направи средината попријатна за луѓето кои се движат со количка. Таа е личност која ужива во животот и сè уште има многу планови за промена на светот.

М. С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Фигури во форма на слон – Каде треба, а каде не треба да стојат во домот? Слоновите треба да бидат сместени во северниот дел од просторијата и секогаш да ...
Луѓе кои биле нападнати од сериски убијци и се спасиле Тед Банди е еден од најпознатите сериски убијци одговорен за смртта на над 30 же...
„Дечко ми ме побара за жена со прстен од 38 долари, а заработува 200.000 годишно - му кажав дека не ... „Ми се допадна прстенот, но кога видов дека го порачал од онлајн продавницата Te...
Најстрашните киднапирања некогаш - Ја држел затворена во ковчег 7 години, а таа го обожавала Киднапирана девојка била чувана во ковчег по 23 часа дневно, друга во подрум врз...
10 фотографии од секојдневниот живот кои ќе ви го стопат срцето „Мојата прабаба, која има 103 години, се смее додека во раце ја држи ќерка ми“, ...
Десет имиња за бебиња со библиска симболика Душан - Потекнува од зборот „душа“, а луѓето кои го носат ова име слават именден...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg