Викенд предлог: Лизгалиште
Ако немате идеја што да правите викендов – ние би ви предложиле да одвоите некој час и да отидете на лизгалиште. За оние кои се во Скопје, во...
...моментов располагаме со 2 лизгалишта. Едно во близина на Кале и новото на плоштадот “Македонија“.
Доколку се решите за лизгалиштето на плоштадот треба да знаете дека работи од 10 часот наутро па се до полноќ. Лизгалките се изнајмуваат бесплатно, а цената на картите за 45 минути лизгање од 10 до 18 часот е 35 денари, а од 18 часот до полноќ - 60 денари.
Ако се решите да лизгате на Кале треба да знаете дека работи во смени и тоа:
понеделник-четврток:
1 смена: 09:30-11:30
2 смена: 12:00-14:00
3 смена: 14:30-16:30
4 смена: 17:00-19:00
5 смена: 19:30-21:30
петок-недела:
1 смена: 09:30-11:30
2 смена: 12:00-14:00
3 смена: 14:30-16:30
4 смена: 17:00-19:00
5 смена: 19:30-21:30
6 смена: 22:00-24:00 (студентска смена)
цени:
изнајмување лизгалки по смена (за 2 часа) - 150 денари
влезница по смена (за 2 часа) - 150 денари
Постои можност и за гратис влезници кои се делат во училиштата и на факултетите.
Ние ви посакуваме да се забавувате каде и да одлучите да лизгате и да споделите впечатоци со нас!
Би можело да ве интересира:





