6 работи по кои ќе ја препознаете алфа жената

Постои голема разлика помеѓу дива и алфа жена. Лесно е да ги помешате нивните личности, особено ако не знаете што значи да се биде алфа.

6-raboti-po-koi-ke-ja-prepoznaete-alfa-zenata-1.jpg

Таа никогаш нема да ве учи како треба да се однесувате - едноставно нема време да се занимава со недораснати мажи.

А, ова се останатите нешта кои треба да ги знаете за неа:

1. Таа секогаш го кажува она што го мисли

Да се биде алфа значи воопшто да не ви биде гајле ако на некој не му се допаѓа она што го кажувате. Ако има нешто да ви каже, верувајте дека ќе го направи тоа. Ако сте кажале нешто погрешно, верувајте - ќе знаете. На алфа жената никогаш не ѝ е грижа како ќе реагирате. И таа никогаш не ги кажува работите од околу.


2. Таа е предизвик

Тоа не значи дека има натпреварувачки дух, но ако мислите дека може да ја победите, тогаш се лажете. Исто така тоа значи дека алфа жената ќе го предизвикува вашето мислење на скоро сите теми. Ако не ѝ одговара, таа сигурно ќе ви каже зошто.

Токму ова може да предизвика проблеми со машкоста кај некои мажи и ќе ѝ кажат дека е луда. Но, таа веќе го знае тоа и не ѝ е грижа. Таа секако дека ќе ве предизвикува, па ако имате некое силно мислење, тогаш подобро да имате добри факти и аргументи за да го поткрепите.


3. Таа не е „дама во неволја“

Таа ниту сака, ниту ѝ треба маж за да ја спасува. Алфа жената знае сама да се спаси и да избега од непосакувани ситуации. Неа не и треба помош. Не грижете се, таа сите ги предизвикува онака како што ве предизвикува вас, па затоа треба да знаете дека неа ништо не ја плаши.

Но, сето ова не значи дека таа не ја цени пружената помош или пак нема да ја побара околу нешто што кое не може да го направи. Ова само значи дека таа нема да престане да прави нешто само затоа што нема маж кој ќе ѝ помогне.


4. Таа има „голема уста“

90% од нештата кои ги кажува се саркастични – на тој начин таа покажува дека ѝ е удобно околу некого. А, меѓу саркастичните коментари има многу незгодни вицови.

Иако знае дека тоа не личи на вистинска дама, сепак не ѝ е грижа затоа што таа знае која е. Ако сака да зборува за секс - ќе зборува и воопшто нема да се чувствува промискуитетно поради тоа.


5. Таа знае што сака

Само ова е доволно за да ги исплаши мажите кои не се достојни за неа. Некои мажи навистина се зачудени од фактот што во било кој момент таа не се плаши да им каже на луѓето што сака и ѝ треба, а што не.

Кога ќе излезе на вечера, таа точно знае што ќе јаде, знае каде сака да оди и во кое време. Тоа ѝ заштедува време кое може да биде потрошено за јадење наместо да се одлучува каде да јаде.


6. ...И што не сака

Затоа што е алфа, таа нема време за лоши врски. Вообичаено, она што ја прави да биде алфа е цврстината поради сѐ што проживеала во животот. Таа искусила доволно болка за да каже кога е доста, била во доволно врски за да знае како не сака да биде третирана.

Оваа жена премногу често била лошо третирана па затоа решила тоа никогаш да не се повтори. Таа е строга затоа што тоа е единствениот начин никој да не ја погази, ниту пак да ја повреди.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Забавни фотки направени во вистински миг (ќе треба да ги погледнете двапати) Неколку генијални фотографии направени од луѓе кои го „фатиле“ совршениот миг - ...
Како да го одберете идеалниот датум за венчавка, со помош на нумерологија? Уште одамна се верува дека датумите носат суштински енергии кои влијаат на живот...
Колку е човек посилен, толку е поскромен - Тие што се празни однатре создаваат врева Ги ценам луѓето кои и понатаму живеат за себе, одат на одмор и молчат за тоа дек...
8 глупави светски рекорди (кои никој не сака да ги сруши) Најмногу поднесени тужби против фирми и луѓе и најбрзо пишување на тастатура со ...
3 психолошки вистини за луѓето со избувлив карактер (што другите најчесто не ги разбираат) Нивните чувства потекнуваат од потребата за самозаштитување, а не од омраза, а п...
8 совети да позирате како модел (и да немате здодевни Инстаграм фотки) Ви се случило ли да ја уништите совршената фотографија поради гримаса? Или лоша ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg