8 типа личности кои треба да ги избришете од социјалните мрежи
Социјалните мрежи подразбираат многу различни луѓе на едно, исто место. Меѓутоа, за среќа, секој од нас може самостојно да влијае на тоа што сака да го види.
Ова се некои од типовите луѓе кои дефинитивно треба да ги избришете:
1. Поранешните партнери
П и нивните нови партнери кои моментално уживаат во сите убавини и работи што вие ги посакувавте да ги остварите заедно – одмор, романтична вечера...
2. Селфи кралици
Секогаш е добро да видите убаво селфи, но некои луѓе во еден ден објавуваат по неколку идентични. Особено иритираат оние кои тврдат дека природно изгледаат убаво, а на лицето се познава еден тон шминка.
3. Фанатаци од салата за вежбање
Само вежбање, здрав живот и Инстаграм. Таквите профили се прифатливи само во случај ако е професионален тренер. Останатите потполно треба да се концентрираат на тренингот, а помалку на социјалните мрежи, затоа што така создаваат сомнежи дека одат во салата за вежбање само за да се сликаат.
4. #Оние#Кои#Користат#По#50#хашгатови
#Пиво#Вкусно#Друштво... – да не продолжуваме, знаете на што мислиме.
5. „Wannabe познати“
Секој од нас прати барем една личност на Инстаграм која мисли дека е позната и дека сите останати се нејзини обожаватели кои едвај чекаат да објави нова фотографија.
6. „Хејтери“
Ништо добро не излегува од човек полн со фрустрации и набиени комплекси.
7. Самозаљубени
Шампањ, патувања, автомобили, скапа облека, накит, чанти – животен стил на висока нога, а во вистинскиот живот, вие имате поголема заштита од нив, но живеете во склад со вашите можности.
8. Непознати
Ви се случува да скролате по Инстаграм и да ви излезе фотографија од личност за која не сте сигурни од каде и дали воопшто ја знаете?
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





