Од што треба да се откажете, за конечно да ви тргне во животот?

Еден од начините како да бидете попродуктивни и посреќни е да созреете – приватно и професионално.

od-sto-treba-da-se-otkazete-za-konecno-da-vi-trgne-od-zivotot-01.jpg

Сите тежнееме да создадеме нови можности од неколку причини: амбиција, пари, влијание, напредок во кариерата, нови предизвици... Сосема нормално е да барате можности и околности кои ве предизвикуваат и ве тераат да бидете најдобри во она што го правите.

Голем дел од нас го знаат сопствениот рецепт за успех – напорна работа, посветување повеќе време, поголема одговорност, па затоа помало внимание се обрнува на нештата кои мора да престанеме да ги правиме за да ја реализираме целта.

Ќе забележите дека голем дел од овие себеуништувачки однесувања и навики се резултат на сопственото мислење, кое е можеби најважниот атрибут при постигнување успех и тоа е она поради кое можете да бидете во огромна предност или поради него да ја изгубите предноста.

Погледнете кои се 6-те нешта од кои мора да се ослободите ако сакате работите во животот конечно да ви тргнат во горна насока:

1. Желбата да ги усреќите сите

Без разлика дали е правилно или не, сите имаат мислење за луѓето околу нив. За жал, голем дел од нас премногу се фокусираат на она што другите го мислат. Тоа е природно, затоа што сакаме да бидеме сакани, прифатени и ценети. Секогаш ќе има луѓе кои нема да ве прифаќаат кога свесно правите напор за да постигнете некој успех во вашиот живот и тоа поради завист, огорченост, страв или нешто друго, .

Успехот може да ги истакне овие чувства затоа што не секој има цел да си ги подобри животните услови. Важно е да запомните дека тоа не е ваш проблем. Не е вашата работа да ги усреќувате овие луѓе – туку само вие да бидете среќни со она што го правите со сопствениот живот.


2. Изговорите

Постојат интелигентни и талентирани луѓе кои никогаш нема да го постигнат зацртаниот успех во нивните животи затоа што не можат или не сакаат да престанат да наоѓаат изговори и да ги обвинуваат другите. Кога ќе добиете можност, мора да ја грабнете во целост и да запомните дека само вие можете да го остварите тоа. Ако ги обвинувате другите за вашите проблеми и ако наоѓате разни изговори, тогаш никогаш нема да имате позитивен исход.

Ако сме искрени со себеси, веднаш знаеме дека сме биле виновни – во еден момент или во друг. Проблемот со ова е дека се обесхрабруваме од она што може да стане наше ако преземеме одговорност и го направиме она што треба да се направи. Работете напорно, признавајте ги грешките и имајте за цел да не наоѓате изговори или да ја пренасочувате вината на други луѓе.

od-sto-treba-da-se-otkazete-za-konecno-da-vi-trgne-od-zivotot-02.jpg

3. Големите грешки и неуспеси од минатото

Луѓе сме – сите правиме грешки. Сите во еден момент или друг сме направиле некоја страшна грешка или не сме успеале во нешто. И не постои ништо со што можете да го избришете минатото или нешто што можете да преземете за да го исправите направеното.

Постојат огромен број луѓе кои прво не успеале за потоа да се прослават со некој голем успех. Стивен Спилберг, Ричард Бренсон, Волт Дизни – листата е долга...


4. Болките и траумите

Некогаш зборот „тешкотија“ не целосно ги доловува нештата што ни се случиле. Некои луѓе имаат искусено толку голема болка – што дури преминала во траума. Кога ќе се ослободите од болката животот ќе ви стане поубав и со помалку препреки кои морате да ги совладате.

Ако не се ослободите од мислите кои психички ве уништуваат никогаш нема да можете да уживате во можностите од сегашноста и иднината. Иако можеби нема да заборавите на она што се случило, но сепак возможно е да водите успешен и среќен живот, без разлика што сте доживеале траума.


5. Несигурностите

Како и другите проблеми и несигурноста може да биде тешка за надминување, но и тоа е возможно. Нема потреба да се грижите што мислат луѓето околу вас. Повторно – тоа е нивни проблем, а не ваш. Плус, голем број од луѓето се толку себични што гледаат само за нив – не ни имаат време да помислат на вас.

Ако верувате дека сте силна и способна личност од непроценлива вредност, тогаш никој и ништо не може да го промени тоа, освен ако вие дозволите. Несигурноста е состојба на мозокот, но тоа се и храброста и самодовербата. Држете ја главата високо, верувајте со себе. Така, уште поголема е веројатноста дека и другите ќе веруваат во вас.

od-sto-treba-da-se-otkazete-za-konecno-da-vi-trgne-od-zivotot-03.jpg

6. Љубомората и презирот

Љубомората и презирот се чести човечки чувства, но тие ви ја одземаат енергијата и ве исполнуваат на негативен начин. Исто така, љубомората и презирот се ирационални, непродуктивни мисли од кои немате корист. Ова особено важи во моментите кога се обидувате да постигнете каква било цел или успех.

 Да чувствувате презир кон некого поради нивниот успех или постигнување е одраз на слаб карактер и е непродуктивност. Наместо тоа, пробајте да го цените нивниот труд, нивната напорна работа и жртвувањето. Може многу да научиме од луѓето кои постигнале успеси наместо да бидеме негативно расположени.

Обидете се да изградите врска со нив и да го изградите социјалниот круг врз основа на такви луѓе. Успехот создава успех и веројатно ќе најдете таква добра личност што ќе ви обезбеди мотивација и охрабрување за да ги постигнете вашите цели.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Милијардери кои не успеаја да си ја купат слободата и завршија во затвор Елизабет Холмс ја споредуваа со Стив Џобс и таа беше прогласена за најмладата же...
Низ илустрации: Стереотипи за мажите и жените кои е време да ги заборавиме Сите жени сонуваат за брак, а секој маж сака да биде „вечен ерген“ – најчестите ...
9 работи во домот кои будат носталгија, но сепак е време да ги фрлите Стари тегли во кои вашите баби чувале зимница, весници од пред неколку години, п...
Бон-тон правила на кои најчесто не им обрнуваме внимание (иако треба) Вистинските дами на важните настани носат хулахопки, дури и кога надвор е премно...
Попај навистина постоел, но не бил морнар и не јадел спанаќ - Како настанал омилениот цртан лик? Вистинскиот Попај бил силен, храбар и обожавал деца, но не бил морнар и не јадел...
8 ситуации кои може да ве извадат од такт додека сте на летување, низ илустрации Очекувате да запознаете згоден дечко на плажа, а наместо тоа ви приоѓа само маж ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg