10-те најболни места за тетовирање
Никој не може да направи тетоважа без да почувствува одреден степен на болка, но на некои места боли повеќе, а на некои помалку. Еден артист од Синсинати открива каде не треба да се тетовирате, ако не сакате да почувствувате огромна болка.
Сакате да се тетовирате, а да почувствувате што е можно помалку болка? Енди Ајзенбах открива 10 места на кои боли најмногу, но како што и самиот вели „тоа не значи дека луѓе не се тетовираат и таму, болката може да се надмине, ако се надмине стравот од тетовирање“.
Што открива Ајзенбах?
1. Глава
Тетоважите на глава не само што се болни, туку некои велат дека можете прецизно да го слушнете самиот процес на тетовирање.
2. Лице
„Не помислувајте тука да се тетовирате“ – вели тој.
3. Градна коска
Многу луѓе на артистот му кажале дека болката е како „да ве сечат со жежок нож“.
4. Лакти
Вели дека за некои болката при тетовирање на лактите е неподнослива, за некои пак воопшто не чувствуваат никаква болка.
5. Градниот кош и стомакот
Вели дека самото тело ќе испушти хемиски супстанци кои за краток период ќе ја направат болката поднослива, но никогаш не престанува целосно.
6. Рацете
Моментално тетоважите на раце се тренд, но ова е едно од најболните места за тетовирање.
7. Задникот
Овие тетоважи можеби се дискретни, но болката е непријатна.
8. Бутовите и колената
Болката знае да биде поднослива, но проблемот е што поголемиот дел од клиентите не се научени некој да ги допира токму на овие места.
9. Зглобовите на нозете
Споредено со другите места, болката на зглобовите не е толку непријатна, но некои луѓе велат дека минувале низ пекол додека се тетовирале на ова место.
10. Стапалата
Проблемот на ова место е хигиената.
Н. Г. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





