100 дронови „танцуваат“ во ритамот на „Петта симфонија“ на Бетовен

Жителите на Хамбург имаале можност да бидат сведоци на еден несекојдневен аудио-визуелен спектакл во кој главни учесници биле 100 дронови.

koga-100-dronovi-tancuvaat-vo-ritamot-na-pettata-simfonija-na-betoven-001.jpg

Следејќи ја музиката на оркестарот дроновите „танцуваат“ и создаваат 3Д форми и пораки со цел поставување на нов Гинисов рекорд.

Главниот творец на идејата, Хорст Хоертер, директор на компанијата „Futurelab“, заедно со неговиот тим од 15 луѓе користи еден интересен термин за дроновите нарекувајќи ги „spaxels“, изведенка од зборовите „space pixels“.

„Сакав да покажеме дека дроновите може да се искористат засоздавање убавина и општествено значајни искуства“ – објаснува тој.

100 дронови беа контролирани од четири пилоти, односно по 25 за секој, започнувајќи го својот лет од фудбалскиот стадион во Хамбург.

Компјутерскиот софтвер изработен од страна на инженерите е всушност главната алатка во „танцот“ на дроновите. Овој софтвер ги одредува патеките на движење кои дроновите ги следат, вкучувањето и исклучувањето на светилките и најважно од сè синхронизираното движење со музиката која ја свири оркестарот.    

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бојадисајте ги велигденските јајца без хаос: Техника со ориз со која ќе се забавуваат и најмалите Бојосувањето јајца за Велигден може да биде вистински стрес ако имате мали деца ...
Чанти, патики, џојстик – Како да препознаете евтини копии од оригинали? Како да препознаете оригинал патики од копии? На што треба да внимавате кога куп...
На остров во Африка помал од фудбалско игралиште живеат над 130 луѓе – Како изгледа нивниот живот? (... Островче во езеро во Кенија има помала површина од просечно фудбалско игралиште,...
20 фотки кои ќе ве предомислат ако мислите дека не ви треба летен одмор Ако мислите дека не ви е потребна малку релаксација од работата и да отпатувате ...
Киднапирале авион и држеле патници во заложништво над 60 часа: Приказната зад хит серијата The Hijac... Во 1970-тите, двајца мажи киднапирале патнички авион и се заканувале дека ќе пос...
Зошто ни се чини дека јануари трае вечно, според психолози? Денот е екстремно краток, паричникот празен, а по празниците мораме да се вратим...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg