На остров во Африка помал од фудбалско игралиште живеат над 130 луѓе – Како изгледа нивниот живот? (фото)
Островче во езеро во Кенија има помала површина од просечно фудбалско игралиште, но на него живеат над 130 луѓе. Според некои извори, бројот на жители достигнува и 500. На островот има бројни импровизирани колиби, мало пристаниште за рибарски чамци, четири пабови, аптека, па дури и бордел. Како изгледа животот на ова необично место?
Островот Мигинго лоциран во езерото Викторија во Кенија има површина од само 2.000 метри квадратни. За споредба, фудбалските игралишта имаат површина од околу 7.000 метри квадратни во просек.
И покрај тоа што островот е минијатурен, овде живеат многу луѓе и тој се смета за едно од најгусто населените места во светот.
Разни извори даваат разни информации за бројот на жители. Според попис од 2009 година, островот има 131 жител, но понови информации тврдат дека денес бројот достигнува и 500.
Сепак, дури и да се само 130-тина, тоа дефинитивно не е мал број за толкав простор.
Жителите на островот генерално се рибари, па Мигинго е всушност еден од главните извори на риба за Кенија.
Интересно е што долг период Уганда и Кенија биле во конфликт за островчето бидејќи се наоѓа во езеро кое се простира на териториите на двете држави.
Двајца рибари од Кенија тврдат дека тие се првите кои се доселиле на островот, и тоа во 1991 година.
Друг рибар, од Уганда, тврди дека тој се доселил на островот во 2004 година каде што нашол само една напуштена колиба.
Со текот на времето, на островот почнале да се населуваат други рибари од Кенија, Уганда и Танзанија бидејќи во областа имало многу риба.
Денес на островот има многу (импровизирани) колиби и скоро никаква вегетација.
Во негова непосредна близина се наоѓаат две други островчиња, па жителите се далеку од изолирани.
Сепак, животот на толку мал простор веројатно не е најудобен.
Покрај колибите на локалците, на островот има четири пабови, аптека, па дури и бордел. Нормално, островот има и импровизирано пристаниште за рибарските чамци.