13 познати логоа со скриени значења кои никогаш не сте ги забележале
Се чини дека некои од најдобро познатите логоа во светот биле намерно дизајнирани да означуваат нешто повеќе од едноставна убавина.
Всушност, кај голем дел од нив, секоја линија, кривина или боја има скриено значење.
После ова секогаш кога ќе видите некое лого ќе се запрашате која е всушност приказната која се крие за логото.
1. „Hyundai“
Многумина мислат дека логото на јужнокорејскиот магнат „Hyundai“ е всушност првата буква на нивното име. Сепак буквата „Н“ е симболизира за двајца луѓе (клиент и претставник на компанијата) како се ракуваат.
2. „Adidas“
Името „Adidas“ потекнува од нејзиниот основач, Адолф Даслер. Логото на компанијата се менувало низ годините, но секогаш содржело три линии. Тие симболизираат планини, симбол за предизвиците кои секој спортист треба да ги надмине.
3. „Apple“
Роб Јанов, дизајнерот на познатото лого на компанијата, објаснува како ја добил идејата: „Купив цела кеса јаболка и ги ставив во чинија, и ги цртав цела недела, обидувајќи се да создадам едноставна слика. Загризаното јаболко беше, исто така, дел од експериментот и сосема случајно сфатив дека зборот „гриз“ („bite“) звучи исто со компјутерскиот поим „бит“ („byte“).
4. „Sony Vaio“
Првите две букви од логото на „Sony Vaio“ создаваат бран кој е симбол на аналогност, додека последните две личат на броевите 1 и 0 – симболи на дигитални знаци.
5. „Amazon“
На прв поглед ова лого не е ништо посебно. Но, имајќи ја на ум филозофијата на компанијата, портокаловата стрелка личи на насмевка, а компанијата сака луѓето да бидат задоволни. Стрелката се протега од А до Z (што кај нас би значело Ш) укажувајќи дека тие ги имаат сите можни производи од А до Ш.
6. „Toyota“
Многумина го споредуваат логото на „Toyota“ со каубој кој носи шешир, но всушност тоа претставува горен дел од игла со конец кој поминува низ неа. Тој се однесува на минатото на компанијата кога таа произведувала машини за ткаење.
7. „Continental“
Познатиот производител на автомобилски гуми има лого на кое првите две букви претставуваат автомобилско тркало.
8. „Formula 1“
Ако внимателно се загледате во празните бели места меѓу буквата „F“ и црвените ленти во логото на „Formula 1“ можете да го видите бројот 1. Црвените линии исто така се графички приказ на брзините остварени од формулите.
9. „Pinterest“
Логото на популарниот интернет сајт „Pinterest“ содржи слика на игличка за прикачување, скриена во буквата „Р“.
10. „Beats“
„Beats“, американскиот производителот на аудио опрема, има лого во кое буквата „В“ личи на човек кој има слушалки на главата.
11. „Toblerone“
„Toblerone“, познатата компанија за чоколадо од Берн, Швајцарија, во своето лого има силуета на мечка, заради фактот што Берн некогаш бил нарекуван и Град на мечките.
12. „BMW“
Често се верува дека централниот дел од логото на „BMW“ ги симболизира ротирачките сечила на авион заради претходната историја на компанијата во авионската технологија, но логото всушност претставува дел од баварско знаме, областа во Германија од каде потекнува компанијата.
13. „LG“
Логото на јужнокорејската компанија за електроника всушност претставува стилизирана слика на човечко лице. Според компанијата, логото ја претставува нивната желба за одржување редовни, човечки односи со нивните потрошувачи.
М. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





