25 нешта што мора да престанете да ги правите пред 25-ти роденден

Младоста е „најдобриот“ период за правење грешки. Сите додека сме млади правиме разни грешки од кои извлекуваме поука. Исто така, младите луѓе имаат некои карактеристики и навики кои не се баш најпријатни.

25-neshta-shto-mora-da-prestanete-da-gi-pravite-pred-25-tiot-rodenden-01

Затоа, ова се 25-те нешта кои мора да престанете да ги правите до 25-тата година:

1. Пребрзо да јадете – верувајте ни, ако вие сте први кои завршувате со јадење тогаш треба да забавите. Бавното јадење е подобро и поздраво за вас. Плус, многу е полесно да разговарате кога јадете со нормална, отколку со брзина на светлината.

2. Да му/и пишувате пијани пораки на поранешниот/ата – Особено на средношколската љубов.

3. Да престанете да бегате од промени –  тие можат да бидат добри за вас.

4. Да бидете љубоморни на луѓе кои мислите дека подобро се облекуваат од вас – Еве ја вистината: Вие изгледате одлично и престанете да се ѕверите.

5. Да се извинувате апсолутно за сѐ – Нема потреба, веќе сте возрасна и зрела личност која треба да знае да се спротивстави кога некој не е во право.

6. Да се лишувате од лични планови кои можат да имаат големо влијание врз вас, како патување, промена на кариерата или да му признаете на некој дека нешто ви смета – Како што рековме, веќе сте возрасна и зрела личност.

7. Да се убедувате дека не сакате дополнителна порција – Знаете дека тоа е тоа што го сакате. Ако не сакате сами да изедете сѐ, тогаш поделете ја храната. А, ако веќе не ви се јаде, тогаш престанете да се жалите.

8. Да се наградувате со 3-минутна пауза за 5-минутно работење Потрудете се да не го вклучувате телефонот додека работите. Ќе се изненадите колку попродуктивни ќе станете. Исто, ако мислите дека можете, пробајте да поминете барем еден ден во неделата без воопшто да ви биде активен телефонот.

9. Да го заборавите роденденот од блиските – Бидете над тоа и вметнете ги датумите во календарот.

10. Слободно да кажете „те сакам“ – Особено кога очајно сакате да го кажете. Откријте што е тоа што ве запира и научете како да го надминете.

11. Прескокнување на закажани прегледи – Кога веќе се мачите да ги закажете, тогаш вреди да се појавите. Здравјето треба да ви биде приоритет.

12. Премолчување на шефот дека се чувствувате исцрпено – Да се биде тимски играч, да правите повеќе од тоа што се бара. Но, вие не вредите ако сте под преголем стрес или исцрпени, особено ако не кажувате никому.

13. Да заборавите да ја тргнете шминката пред да си легнете – И сами ги знаете последиците од оставање на шминката преку ноќ.

14. Да не учествувате во интересна активност само поради луѓето кои учествуваат во неа – На пример, не се плашете од салите за вежбање затоа што знаете дека сте надвор од форма. Не е потребно да бидете спортист за да уживате во благодетите на вежбањето. И онака никој не ве гледа.

15. Постојано виткање, исправување или било какво горење на косата – Во ред е да ја исправувате косата, но тоа не мора да биде баш секој ден.

16. Да се облекувате како да сте дел од толпата, наместо да се чувствувате удобно – 100 пати кажано: најубави сте кога се чувствувате удобно во вашата кожа, а не кога се обидувате да носите нешто само затоа што другите го носат.

17. Да бидете нервозни – Кога постојано чувствувате нервоза тогаш почнувате да им се истурате на луѓето кои ништо не ви згрешиле, да се потресувате за мали нешта и да се плашите од нив. Пробајте да научите да дишете длабоко – по можност пред 25-тиот роденден.

18. Да престанете да се лишувате од сон – Сериозно.

19. Читајте – Потрудете се да ви стане цел да прочитате барем една вест во денот. Не ви велиме да го прочитате целиот весник, но доволно колку да бидете информирани за најновите случувања.

20. Кога немате пари за во ресторан не порачувајте храна – Да, тоа има моќ да ве смири, но важно е да знаете дека понекогаш сѐ што ви е потребно е сами да си приготвите јадење. Можеби ќе откриете дека тоа ве релаксира повеќе од што мислевте.

21. Да го носите истиот излитен џемпер што го носите со години и да се преслечете пред излегување – Одберете нешто од дното на плакарот и пробајте го. Ако не ви се допаѓа, тогаш донирајте го.

22. Да избегнувате да погледнете некој кој прави да се чувствувате неудобно – Како што се наближува вашиот 25-ти роденден, одморете ги ноктите т.е. престанете да ги гризете и поглднете ја личноста со која зборувате, макар и тоа да ве плаши.

23. Да запомнете дека не постои правило кое ви забранува да ги изразувате вашите емоции – Нашата љубезност честопати нѐ доведува до вртење од околу или да молчиме кога навистина треба да го искажете вашиот став. Полните 25 години. Мора да го кажете она што го мислите.

24. 24/7 да бидете намуртени – Пробајте да се насмевнете барем еднаш на неколку часа. Само пробајте.

25. Наместо да ги одбивате поканите, прифатете ги – Ако голем дел од вашите 20-ти ги поминавте во одбивање на покани затоа што мислевте дека не се искрени или сте биле загрижени дека нема да си поминете добро или се плашевте дека нема што да кажете, тогаш спротивставете се на ова и почнете да велите „да“. 

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

5 причини зошто е добро да спиете на подот (како Јапонците) Го подобрува држењето на телото, а може да ги намали и болките во грбот – кои се...
Жените му биле секс робинки, ги жигосувал со неговите иницијали – морничавиот култ на Кит Раниер Криејќи се зад семинари за личен развој, Кит Раниер направил култ во кој ги експ...
Илина, Леона - Најубавите имиња за девојчиња родени во август Се верува дека сите кои го носат името Марина имаат висока самодоверба, но и маг...
Мајка ѝ умрела под мистериозни околности, 16 години никој не знае каде е: Судбината на сопругата на ... Се претпоставува дека сопругата на Дејвид Мискевиџ – лидерот на скиентолошката ц...
Низ илустрации: Колку се смени животот во последните 30 години? Родителите го почитуваат мислењето на децата, зависни сме од технологија... Кои ...
Идеи за пакување новогодишни подароци (што ќе им се допаднат и на најпребирливите) Подароците спакувани во едноставна еднобојна хартија можете да ги декорирате со ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg