Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Евелин Несбит - првиот светски супермодел

Што значи супермодел? Природна убавина, харизма, непогрешлив инстинкт за модата и сексапил. Со овие карактеристики еден модел станува „супер“, кога истата ќе стане популарна, и уште поважно, кога ќе влијае на културата на својата ера. 

Evelin-Nesbit-prviot-svetski-supermodel

Супермоделите ја даваат сликата за еден момент во времето, бидејќи тие се секогаш во центарот на модерниот културен живот на своето време - и на авангардата. Секоја деценија ги има своите супермодели.

Евелин Несбит била убавица од Филаделфија и една од најбараните уметници и манекенки во Америка. Нејзиниот живот бил бурен, а нејзината слава го достигнала својот врв кога стана вовлечена во убиство, во она што било наречено „судењето на векот“.

Несбит била отелотворение на ерата во која живееле во повеќе погледи. Крајот на 19-от век бил гламурозен период, со брзиот економски раст во САД, но исто така ова било време на голема сиромаштија.

Несбит имала шкотско-ирски корени. Кога дошла во Њујорк во 1900-та година влегла во нов, поинаков свет.

Нејзиното лице наскоро станало сеприсутно - на разгледници, картички, календари. Станала икона на својата ера.

Несбит го запознала архитектот Стенфорд Вајт кој наскоро станал нејзиниот љубовник и добротвор, обезбедувајќи ја неа и нејзиното семејство со екстравагантни подароци и елегантен стан.

Оваа врска траела една година, потоа Несбит се омажила за милионер кој го убил Вајт, за да ја одбрани честа на неговата млада сопруга, како тврдел.

Несбит била главен сведок во судскиот процес полни со шокантни детали за нејзината врска со мажите. Мајката на Евелин била обвинета дека ја проституирала нејзината ќерка за Вајт.

Evelin-Nesbit-prviot-svetski-supermodel-01

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Џвакање со отворена уста и уште 9 чудни причини зошто луѓе раскинале некому „Искрено, кога некој дише или голта прегласно, не можам да поднесам. Не можам да...
Поминала 6 часа на -20˚C и замрзнала, но била спасена: Како преживеала Џин Хилијард од Минесота? Во 1980-та, Џин Хилијард од Минесота замрзнала „како коцка мраз“ откако поминала...
Чоколатца со грав и уште 9 работи што можете да ги видите само во Јапонија (фото) Автомати за сè, вклучувајќи и преливи за салати, како и тоалетни школки во лифто...
6 работи кои ве кочат во животот (и кои треба да ги промените) Екстремно сте самокритични и со своите отровни стрелички си ја разјадувате самод...
5 знаци дека самите сте виновни што сте несреќни во животот Дали ја запоставувате грижата за себе? А, дали имате навика опсесивно да „скрола...
Освежете си го знаењето пред одмор: Грк на Инстаграм споделува едноставни грчки фрази Од имињата на деновите на неделата, до начини како да викнете такси во Грција, п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg