Рецитал на малечко момче кое го наежи светот: Жалам што „честа“ е заборавен збор...

Ова е малечкиот Евгениј Лебедин од Украина. Тој со своето рецитирање на песната „Не ми се допаѓа“ на рускиот поет, пејач, писател и актер Владимир Висоцки ќе ве натера да се запрашате што се случи во светот во кој живееме.

Maleckiot-talent-so-stihovi-koi-kje-ve-trognat-i-zamislat-01

Синоокиот Евгениј настапил во украинското талент шоу „Мали џинови“ и уште од првиот настап било сосема јасно дека пред него стои светла кариера.

Неговата интонација, изговор и изрази ги трогнале не само жирито и публиката во салата туку и милиони луѓе низ светот, бидејќи за кратко време видеото стана едно од најсподелуваните видеа на социјалните мрежи.

 

Ja ne volim - Vladimir Visocki

Posted by Helleniana Helle on Tuesday, February 16, 2016

Песната која ја рецитира талентираниот Евгениј е препеана и на македонски јазик и ова се нејзините стихови:

Не ми се допаѓа

Не ми се допаѓа фатален исход,
И нема да се изморам додека сум жив
Не ми се допаѓа ниедно годишно време
Кога не ги пејам своите песни.

Не ми се допаѓа отворениот цинизам
Јас не верувам во занес, и уште 
Не ми се допаѓа кога некој ми чита писма
Гледајќи преку моите рамења.

Не ми се допаѓа ништо половично,
Или кога некој го крши зборот.
Не ми се допаѓа кога пукаат во грб
Или од непосредна близина.

Ја мразам „верзијата на настаните“
И црвот на сомнежот, и смрдеата на славата,
И кога намерно се оди против правилата,
Или ненамерно се гази по стакло.

Не ми се допаѓа арогантната самодоверба
Повеќе од тоа да ти откажат сопирачките.
Жалам што „честа“ е заборавен збор,
И што се ценат озборувањата позади грб.

Кога ќе здогледам скршено крило,
Тогаш не сум тажен, а не е ни чудо:
Не ми се допаѓа насилство ниту слабост,
Јас само жалам за распнатиот Христос.

Не се сакам себеси кога сум кукавица,
И не можам да издржам кога тепаат невини.
Не ми се допаѓа кога ти влегуваат во душата,
А уште помалку кога во неа плукаат.

Јас не сакам дури ни циркуски арени
Каде милионот се менува за рубља,
Иако пред нас се големи промени,
Јас тоа никогаш нема да го сакам!

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 знаци дека сте личност со висока емоционална интелигенција Лесно работите во тим и генерално сте мотивирана личност – Помалку очигледни зна...
9 психолошки трикови со кои секогаш ќе дознаете дали некој ја зборува вистината Како вие вообичаено ги фаќате луѓето што ве лажат? Постојат 9 проверени психолош...
Најубавите женски имиња инспирирани од цвеќиња (и нивното значење) За родителите од големо значење е на своето дете да му дадат име кое гордо ќе го...
Низ фотографии: Што се случувало и како изгледал светот пред 100 години? Автомобилите станувале подобри, фиксните телефони биле подостапни, а во Париз ја...
Џони Деп бил гостин, организираат погреб на лоши филмови – Што знаеме за „Дрвенград“ во Србија? „Дрвенград“ бил изграден за продукцијата на филмот во режија на Емир Кустурица „...
6 работи со кои несвесно си наштетуваме (а ги правиме сите) Дали имате навика да го ставате телефонот во предниот џеб од панталоните? Ако ст...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg