Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Блади Мери – вистинска личност или мит?

Според легендите Блади Мери е дух кој се појавува во огледалото ако го изговорите нејзиното име три пати. 

bladi-meri-vistinska-licnost-ili-mit-001.jpg

Во некои верзии, името на духот е различно, како и колку пати е изговорено нејзиното име. Како други имиња се спомнуваат Црната Агнес или Крвава Марија.

Играта изгледа вака: Треба да застанете пред огледало во затемнета просторија и да го изговорите името на Блади Мери три пати, по што се појавува нејзиниот лик во огледалото. Во некои верзии ова може да успее само на полноќ или на полна месечина. Во други верзии се работи за дух на мајка, често вдовица која ги убила своите деца или чие бебе било украдено, поради што мајката се самоубила.

Овие игри често се тест на храброста, а нејзиниот лик често може да се пронајде во филмовите. Според легендата, Блади Мери веднаш ќе ве убие по повикувањето. Убиството во сите верзии е опишано како прилично насилно.

Според друга легенда, Мери Ворт била една убава девојка која живеела во 17-от век во Иделвуд. Таа никогаш немала дечко, но една вечер останала бремена. Оваа тајна не ја открила на никого, бидејќи се плашела деќа ќе ја сметат дека е вештерка и ќе ја убијат. 

Сепак, таа во Салем била осудена на смрт како вештерка. Казната била секој граѓанин со парче стакло да ја исече. Пред неа било ставено огледало за да ги гледа сопствените лузни. Кога погледнала во огледалото, таа фрлила клетва врз градот и нејзините жители.

Многумина веруваат дека Блади Мери е поврзана со англиската кралица Мери I, која во историјата била позната како Крвавата Мери. Мери имала 17 деца, но сите починале во детството.

Марија I Тудор била кралица на Англија и претпоследниот владетел на династијата Тудор, позната по обидот да го обнови католицизмот во Англија при што наредила убиство на 283 англиски протестанти. Поради ова го добила прекарот Блади Мери.

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Особини на ментално силните личности, според Сигмунд Фројд Поминал голем дел од животот зборувајќи за лошите навики што ги избегнуваат мент...
Pimp My Ride и уште 9 (бизарни) реални шоуа што ги гледавме на MTV во 2000-тите Се сеќавате на Simple Life, шоуто во кое богаташките Парис Хилтон и Никол Ричи п...
„Со кафе се јаде нешто благо“: Балкански навики поради кои се дебелееме Ако се купува скара, се пресметува половина килограм месо по човек. По вака обил...
9 работи кои стануваат луксуз за средната класа, a пред 10 години беа лесно достапни Од одење во ресторан, на концерти и фризер до купување на дом, кои работи станаа...
Фото-докази дека луѓето во минатото имале многу подобар моден стил Жени во елегантни фустани и нежен накит, мажи во костуми – луѓето во минатото на...
Бурниот љубовен живот на Пикасо – имал стотици девојки, не бил верен на ниту една Две негови љубовници си го одземале животот, а две добиле нервен слом. На ниту е...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg