10 совети како да бидете поодлучни и да стоите зад вашиот избор

Животот е серија од одлуки - одлучувате кога да станете, што да јадете, кои обувки да ги носите...

10-soveti-kako-da-bidete-poodluchni-i-da-stoite-zad-vashiot-izbor-01.jpg

Во текот на еден ден човекот прави безброј одлуки, но сепак некои од нив т.е. оние кои имаат за цел да ни го променат животот се тешки за носење.

Мислите дека затоа што одлучувате за голем број нешта, дека би можеле секава одлука да донесете, но во моментот кога ќе треба да донесете одлука, ќе се уверите дека нештата не се толку лесни.

Еве како да бидете поодлучни и како да стоите зад вашиот избор:

1. Одлучете да бидете поодлучни

Првиот чекор кон одлучноста е да прифатите дека не сте баш најдобри во носењето одлуки. Вториот чекор? Да одберете да бидете поодлучни. Престанете да си кажувате себеси ( и на другите луѓе) дека сте неодлучни.

Помислете на сите мали нешта за кои одлучивте денес - за блузата што ја носите, за сендвичот што го јадевте на работа, за шампонот кој го одбравте... Ако можете да ги донесете овие одлуки, тогаш можете и големите.


2. Не се заморувајте со мали нешта

Не го трошете времето на мали одлуки. Секако дека не ви се потребни 30 минути за одлучите дали да користите кравјо или овчо сирење за сендвичот што ќе го јадете, кога знаете дека било што да одберете тој сепак ќе биде вкусен. Нема потреба од листа на за и против. Колку помалку време трошите на малите нешта, толку повеќе време имате за оние кои ви претставуваат предизвик.


3. Листа на „за и против“

Методот на пишување на листа на „за и против“ за секоја опција е класика. Може да ја користите за да одберете на кој универзитет/колеџ да се запишете, дали да се преселите во друга земја по дипломирањето, дали да работите во канцеларија или хонорарно и сл.

Потребни се 10 минути за да ја направите, па затоа фатете се за ливче и пенкало, компјутер или телефон и направете ваква листа. Сигурно дека многу ќе ви помогне во носење на големите одлуки.


4. Вежбајте балансирано размислување

Замислете се себеси по секој пат. Визуелизирајте го животот во двете можни сценарија – Како ќе ви изгледа животот ако ја прифатите работата, а како ако ја одбиете? Секогаш замислувајте како ќе се чувствувате во двете можни ситуации. Што ако некој друг ја земе вашата работа и испадне дека тоа е најдоброто нешто што им се случило? Како би се чувствувале вие? Одлучете што сакате во животот и тогаш многу полесно ќе ги носите одлуките.


5. Советувајте се со минатото

„Оние кои не го помнат минатото се осудени да ги повторат нивните грешки“ е исказ кој е многу точен. Мора да учите од вашите грешки. Погледнете во минатото и во вашите животни одлуки кои сте ги донеле и размислете околу процесот што ве наведел така да постапите.

Ги помните вашите лоши одлуки кои ги донесовте? Дали тоа се повторува? Дали станува збор за несигурност? Недостаток на самодоверба? Прифатете ги несигурностите, изградете самодоверба и донесете ја одлуката. Одбегнувајте да ја направите истата грешка два пати. Избирајте мудро.


6. Одберете временски лимит

Имањето временски лимит ве тера да се посветите на одлуката и навистина да ја донесете. Дајте си време од еден дел или една недела за да размислите за опциите и запомните дека не значи ако имате повеќе време дека нема да згрешите.


7. Имајте аргументи за одлуката

Истражувајте, соберете што е можно повеќе информации. Ако размислувате да ја напуштите компанијата во која работите за фирма-почетник, тогаш истражувајте што е можно повеќе за фирмата-почетник. Кој инверстира во неа? Какви можности имате вие? Дали планираат да се презентира на јавноста? Посетете ја канцеларијата и разговарајте со некои од вработените.

Прочитајте ги сите статии за неа што ги има онлајн. Штом сте опремени со факти, тогаш подобро ќе донесете одлука. Плус, кога некој ќе ја доведе во прашање вашата одлука, вие ќе имате со што да ја поддржите.


8. Вклучете други луѓе

Разговарајте со луѓето кои се дел од вашата одлука. Ако се обидувате да откриете дали сакате деца или не, мора да комуницирате со партнерот затоа што тој/таа е директно поврзан со вашата одлука. Ако станува збор за бизнис одлука, тогаш прашајте ги колегите или шефот. Добро е да го прашате семејството, долгогодишни пријатели, ментор или професионалец во тоа поле.


9. Верувајте му на инстинктот

Ако знаете дека не сакате да се омажите за вашето моментално момче – иако тој е одличен маж и веќе 3 години сте заедно, тогаш треба да ја завршите врската и тоа што е можно порано. Верувајте му на инстинктот. Внимавајте што ви кажува телото кога размислувате за различните опции. Ако ви е тешко да помислите да го напуштите вашиот моментален стан, тогаш телото ви кажува дека можеби не сте спремни на таквата одлука.


10. Соочете се со стравот

Ставете им крај на внатрешните сомнежи така што ќе се соочите со стравот. Се плашите од неуспех? Од тоа да бидете сами? Понекогаш не можеме да донесеме одлука затоа што се плашиме од негативниот исход кој следи. Најпрво, откријте од што се плашите и внимавајте на тој страв кога ќе ја носите таа одлука. Справете се со него.

Носете одлуки врз основа на животот што сакате да го живеете, а одлуката да бидете среќни треба да биде една од нив.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...
Брус Вилис и Деми Мур беа во брак – Настани кои се случија пред дури 35 години Пред 35 години, се емитуваше последната епизода од легендарната сапуница „Династ...
Низ илустрации: Како да одговорите на непристојни прашања, за никогаш веќе да не ви ги постават? Како да одговорите на прашањето зошто немате деца, зошто сте сингл, дали некогаш...
Луѓе откриваат интимни семејни тајни: Работи што никогаш нема да ги признаам пред партнерот „Сопругата не знае дека пред да се венчаме, имав односи со мажи“. „Сопругата ...
Мајките гневни на ZARA заради маичка за деца: „Ова е морничаво, злобно и непристојно“ „Одлична ужинка – гризни ја“ стои на натписите на маичките за деца што шпанскиот...
7 типови патници кои ќе ги сретнете во јавен превоз и веднаш ќе сакате да избегате (низ илустрации) Гласен патник чиј телефонски разговор го слушаат сите, дете штио упорно удира на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg