Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


5 начини на кои емоционално интелигентните жени се справуваат со тешките луѓе

Станувањето успешен бара висока емотивна интелигенција. Емотивната интелигенција е таа која ви нуди стабилност на долг рок.

6-nacini-na-koi-emocionalno-inteligentnite-zeni-se-spravuvaat-so-teski-luge-01.jpg

Низ овој процес ќе запознаете тешки и „токсични“ личности кои се спротивставуваат на сите правила на логиката и кои ја ставаат на тест вашата животна сила.

Таквите луѓе ви предизвикуваат стрес и негативност, а ова се начините на кои емоционално интелигентните жени се справуваат со нив:

1. Тие поставуваат граници

Не можете да им ги исполните желбите на сите, ниту пак постои некој кој може да ги исполни сите ваши очекувања. Кога ова еднаш ќе го сфатите и прифатите, ќе решите еден голем проблем сами со себе, но и ќе ги тргнете настрана чувствата на несигурност, пониска вредност, желбата за потврдување од другите и грижата на совет. Емоционално интелигентните жени се издигнуваат над хаотичните ситуации и одржуваат дистанца со тешките луѓе.


2. Тие се фокусираат на решенија

Наместо да се фокусираат на проблемите предизвикани од тешките луѓе, тие се фокусираат на активности со кои ќе ја подобрат ситуацијата. Некои велат дека искуството е најдобар учител. Емоционално интелигентните жени го знаат тоа. Тие знаат дека претходниот проблем со тешка личност обично раѓа само нов проблем. Дурии во моментите кога мораат да ѝ дадат втора шанса на таквата личност, тие ќе се обидат да се заштитат наоружани со знаењето кое го стекнале од претходните искуства.


3. Тие ги прекинуваат негативните разговори

Тешките личности се полни со негативност и критицизам. Емоционално интелигентните жени одбиваат да го слушаат тоа и избегнуваат задлабочување во разговори кои создаваат тензија и поттикнуваат негативни емоции. Сите знаеме колку таквите разговори буквално и ни ја одземаат енергијата, колку после тоа сме уморни и што е најважно, не сме постигнале никаква цел, туку сосема спротивно. На запаѓајте никогаш повеќе во таа замка!


4. Тие се фокусирани на сопствената среќа

Емоционално интелигентните жени се среќни и сакаат такви и да останат во тоа што го прават. Тие задоволството и среќата ги пронаоѓаат во себе, а не некаде надвор (како на пример во мислењето на другите луѓе за нив).


5. Тие се дружат со истомисленици како би ја добиле потребната поддршка

Соочувањето со тешките личности кога сте сами можеби и не е најдобро решение. Емоционално интелигентните жени имаат поткрепа од луѓето кои ги ценат и кои може да ги поддржат во сите тешки ситуации. А вашите пријатели се токму такви личности, нели?

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Жени со тенки усни, ниски мажи: 13 луѓе откриваат кои се „маните“ што всушност си ги сакаат „Не знам зошто постојано на пиедестал се ставаат луѓето со зелени или сини очи, ...
10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
Жена од Канада создава куќички за кучиња од LEGO коцки: „Имам неколку стотици илјади коцки и продолж... Лорета Квинси својата страст од детството ја претворила во нешто уникатно. Ло...
10 луѓе кои сосема сами го претворија домот во пријатно катче за уживање (фото) „Се откажав од идејата да следам одреден стил за уредување и почнав да уредувам ...
16 луѓе чиј ден сигурно бил полош од вашиот „Испеков колач за годишнината од брак на моите родители, но брат ми успеа да го ...
Луѓе кои не издржале ни половина година во брак откриваат зошто се развеле „Не јас, туку мој пријател се венча со девојка му бидејќи таа беше војник и треб...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg