5 комплименти кои секоја жена би сакала да ги слушне наместо „Многу си убава“
Во денешното модерно општество, изгледот е многу важен. Но, не е најважен. Без разлика во каков свет живееме, карактерот секогаш ќе биде поважен од надворешниот изглед.
На секоја жена ѝ годи да слушне дека е убава, но некако застарува и станува клише. Жените се многу повеќе од само убав изглед.
Тие имаат карактер и ако сакате да ги освоите, еве какви комплименти треба да им дадете:
1. Кажете ѝ дека е паметна
Овде не станува збор за паметна во смисла дека го памети целиот материјал од средно и основно, туку интелигенција во реалниот живот – здрав разум и широки познавања. Секоја жена попрво би сакала да слушне дека има висока интелигенција или некоја специфична интелигенција отколку дека изгледа убаво.
Една од најлошите работи што жените ги прават е тоа што глумат дека се глупави за да освојат маж – особено помладите. Голем број жени не сакаат да се пробијат во светот врз основа на својот изглед. Вистинската жена сака да биде препознаена по нејзината интелигенција.
2. Кажете ѝ дека е креативна
Креативноста е клучен сегмент од сечиј живот. Без неа, скоро ништо не ќе постоеше. Навистина е голем комплимент за жена да слушне дека е креативна. Да се биде креативен е квалитет кој никогаш не смее да помине незабележано. Да се има „дива“ имагинација е нешто со што секоја жена треба да се гордее и треба да ѝ биде укажано на тоа.
3. Кажете ѝ дека има одлична смисла за хумор
Велат дека смеата е најдобар лек. Ова е еден од најчесто бараните квалитети и кај мажите, но и кај жените. Луѓето кои имаат смисла за хумор се луѓе со кои секој би посакал да го поминува своето време. Секој се радува на моментите поминати со некој кој знае да каже добар виц или едноставно знае да ве насмее.
4. Кажете ѝ дека е љубезна
Коментарот „многу си убава“ е многу почесто слушан од „многу си љубезна“. Ова е многу важен комплимент кој искрено може да ѝ го разубави денот, но честопати тој е и многу потценет. Да ѝ кажете дека е топла и пријателски настроена личност е многу важно за секоја жена затоа што тоа е длабок комплимент со голема смисла. Плус, никој не сака девојка со убаво лице, а со ладно срце.
5. Кажете ѝ дека е трудољубива
Една од работите за кој жените до неодамна беа најмногу потценети беше нивниот труд. Во минатото, жените беа одговорни за домот, децата и да го усреќуваат сопругот без шанси за сопствен професионален успех. Да ѝ кажете дека е успешна во денешно време е навистина важно нешто кое секоја жена треба да го чуе.
Иако таа најчесто знае дека нејзиниот труд вреди, сепак не е на одмет тоа да го слушне од вас. Ако ѝ дадете ваков комплимент, тоа значи дека вие го забележувате нејзиниот квалитет и професионална амбиција. А, денес тоа е многу важно.
С. С. | Црнобело