5 најнови археолошки пронајдоци

Археолозите и историчарите во 2014-та и 2015-та година пронајдоа многу интересни наоди. 

5-najnovi-arheoloski-pronajdoci

Ова се 5 најнови археолошки и историски наоди, кои ни дадоа впечатливи и релевантни нови информации за нашето античко минато:

Потоната византиска базилика пронајдена во Турција

За време на рутинската воздушна проверка на историски и културни артефакти, спроведена од Општина Бурса пронајдена е потоната структура на само 2 метри под вода и 20 метри одалечена од брегот на езерото Изник ​​во познатиот римски и византиски град Никеја.

Структурата личи на архитектонскиот план на црквата Света Софија. Археолозите откриле дека остатоцитете датираат од 5-от век. Базиликата била изградена во чест на светецот Свети Неофит, а се урнала за време на земјотресот кој се случил во 740-та година.

5-najnovi-arheoloski-pronajdoci-01


Откриен најстариот пат кон Москва

Не се знае многу за раната историја на Москва, но кога археолозите го откопаа најстариот пат во Москва, тоа беше голем чекор напред. Патот бил откриен во историската област Zaryadye во 2015-та година. Истражувањата во оваа област не биле започнати до уривањето на масивниот Хотел Русија во 2006-та година.

Неодамнешните ископувања откриле неколку слоеви на дрвени тротоари за кои се смета дека датираат од 15-от и 17-от век, додека за најдлабоките, се верува дека датираат од 12-от век.

5-najnovi-arheoloski-pronajdoci-02


Во Египет е пронајден најстар и најдолг ракопис

Ретко можат да се пронајдат антички ракописи, особено напишани на кожа. Во 2015-та година е пронајден најстариот и најдолгиот египетски ракопис. Ракописот е „откриен“ од страна на белгискиот египтолог Ваел Шербини.

Ракописот е напишан на над 4.000 години стара ролна, долга околу 2.5 метри. Според Шербини, Францускиот Институт за ориентална археологија во Каиро го купил ракописот од локален продавач на антиквитети.

Шербини верува дека ракописот веројатно бил заборавен, бидејќи секој кој се занимавал со него, починал за време на Втората светска војна.

Античките ракописи од кожа се ретки наоди, бидејќи лесно се распаѓаат со текот на времето, особено поради сува клима, па оттука и значењето на ова откритие е навистина големо.

Според историчарите, овој ракопис е дел од само седум такви ракописи кои преживеале до денес. Тој е, исто така, единствениот напишан на кожа. Другите шест се напишани на папирус. Она што го прави ракописот дури и повеќе значаен е фактот дека е украсен со текстови, цртежи и верски магии.

5-najnovi-arheoloski-pronajdoci-03


Средновековна гробница пронајдена под дрво во Ирска

Во 2015 година, под 215-годишната бука, која била уништена од бура која го погоди крајбрежниот град Collooney, во северозападниот дел на Ирска, пронајдена е горната половина од човечки скелет.

Локалните археолози откриле дека скелетот му припаѓа на еден млад човек кој почина за време на раниот среден век, во периодот помеѓу 1030 и 1200 година.

На скелетот се пронајдени две убодни рани, една на градите, а другата на левата рака, што покажува дека покојникот се обидел да се одбрани од напаѓачот.

Сепак, причината за неговото убиство сé уште не е позната.

5-najnovi-arheoloski-pronajdoci-04


Во Хондурас е пронајден антички град

Во денешно време археолозите да не треба да ги валкаат рацете за да ги пронајдат изгубените градови. Со револуционерните технологии, скенери и беспилотни летала, научниците се во можност да ги откријат скриените богатства длабоко во земјата.

Таквата технологија стои зад откривањето на остатоци од древната цивилизација во Хондурас. Местото за прв пат беше идентификувано во 2012 година, за време на воздушните скенирања на џунглата Mosquitia, каде се пронајдени остатоци од античка населба.

Во февруари 2015 година, археологот Крис Фишер и неговиот тим откриле обемни плоштади, земјени пирамиди, камени скулптури, церемонијални седишта, садови украсени со змии и др. Се смета дека артефактите датираат од околу 1000-1400 година.

Во Хондурас многумина веруваат дека овие артефакти се доказ за постоењето на легендарниот град Ciudad Blanca (Белиот град) или Изгубениот град на богот мајмун. Точната локација на местото не е откриена, за да се спречи грабеж. Процесот на реставрација на Белиот град ќе започне во 2016 година.

5-najnovi-arheoloski-pronajdoci-05

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Тешкиот живот на мајката на Џеф Безос – Го родила на 16 години, немала пари Мајката на еден од најбогатите луѓе во светот имала исклучително тежок живот и с...
Pimp My Ride и уште 9 (бизарни) реални шоуа што ги гледавме на MTV во 2000-тите Се сеќавате на Simple Life, шоуто во кое богаташките Парис Хилтон и Никол Ричи п...
6 практични трикови кои ќе ви се најдат во секоја ситуација Како да ја извадите гумата за џвакање од косата? Што да направите ако чевлите ви...
Елитата во Холивуд пие крв, Џастин Бибер е рептил – Најлудите теории на заговор за славните Некои луѓе веруваат дека повеќето светски ѕвезди се клонови направени во лаборат...
Киднапирале авион и држеле патници во заложништво над 60 часа: Приказната зад хит серијата The Hijac... Во 1970-тите, двајца мажи киднапирале патнички авион и се заканувале дека ќе пос...
Сијамски корнишони, пиперки без семка: 14 необични работи кои луѓе си ги нашле во градината Од цветови во две бои, до испреплетени плодови и џиновски растенија - луѓе споде...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg