Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


12 најопасни патишта во светот

Замрзнати автопати, кривини и висини од кои ви се врти - вака би ги опишале најопасните патишта низ светот кои не се за оние со слабо срце.

12-najopasni-patista-vo-svetot-01.jpg

Самиот поглед на сликите од овие 12 патишта ќе ве натера цврсто да го закопчате појасот.

1. Далтон автопатот на Алјаска е ноќна мора за секој патник. Се протега низ густа шума, преку реката Јукон. Овој пат не е асфалтиран и има голем број на знаци за можни одрони и нагли кривини.

12-najopasni-patista-vo-svetot-02.jpg


2.
Автопатот Притви во Непал долг 174 километри е воедно прекрасен и застрашувачки. Нуди прекрасен поглед на Хималаите, но слабата видливост заради кривините го прави посебно опасен. Преоптоварен со сообраќај, склон е и на лизгање на земјата, па затоа се вбројува меѓу најопасните.

12-najopasni-patista-vo-svetot-03.jpg


3.
Мостот на Атлантик патот во Норвешка изгледа како да нема ништо позади кривината. Неверојатната оптичка илузија сепак не е најстрашната работа. Силните ветрови кои го носат океанот и прскаат вода по патот може да има сериозни последици по патниците и возачите.

12-najopasni-patista-vo-svetot-04.jpg


4.
Во источна Русија, Колима автопатот е познат по честите напади од страна на бели мечки врз возачите кои биле заробени во снегот.

12-najopasni-patista-vo-svetot-05.jpg


5.
Хо Ши Мин е пат кој минува низ планини и оризови полиња, а порано служел за снабдување со храна и оружје во текот на Виетнамската војна. Страшното е што околу 80 активни бомби останале скриени во околина на овој пат.

12-najopasni-patista-vo-svetot-06.jpg


6.
Бразилскиот пат на смртта е една голема замка. Околу 300 возачи годишно умираат, губејќи контрола над возилото и превртувајќи се во прашумата 1.100 метри под патот.

12-najopasni-patista-vo-svetot-07.jpg

Уште 6 страшни патишта на следната страна...



Би можело да ве интересира:

10 случајно направени фотки кои личат на уметнички ремек-дела Совршена светлина, емоции, фигури кои отскокнуваат од околината - некои фотки на...
Строги правила што треба да ги следат гостите на Мет гала Телефоните се строго забранети, а гостите не смеат да ја одбијат поканата – во с...
9 работи во домот кои будат носталгија, но сепак е време да ги фрлите Стари тегли во кои вашите баби чувале зимница, весници од пред неколку години, п...
Вечерва почнува зимското сметање на времето: Како влијае врз луѓето и како да се адаптирате полесно? Ноќта кога почнува зимското сметање на времето, добиваме еден час повеќе за спие...
6 потсетници за миговите кога мислите дека анксиозноста ќе ве надвладее „Лошите мисли потекнуваат од мојата анксиозност, на безбедно сум“. Анксиозн...
5 сигурни знаци дека сте соочени со емоционална блокада Емоционалната блокада може да направи да се чувствувате „заглавено“, па одново и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg