Капки вода претворени во уметност (фото)
Кога пред себе имате човек со уметничка душа за кратко време ќе сфатите дека на уметноста не ѝ се потребни многу средства за истата да исплива на површина.
Аравис Долмена е совршен пример за тоа. Приказната започнала пред три години кога неговиот син првпат го запознал со Инстаграм.
„Започнав со развивање на мојот нов уметнички стил кога син ми ме запозна со Инстаграм пред три години. Користам боја и реквизити за да направам нешто сосема поинакво од обичните предмети. Исто така развив техника преку која создавам слики од капки вода“ – изјавува Аравис.
„Сакам едноставни слики со обична позадина и природна светлина. Исто така цртам врз моите раце и создавам забавни композиции со секојдневни предмети.“ – додава авторот.
М. С. | Црнобело