Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


6 навики на луѓето кои имаат потисната депресија - Дали сте меѓу нив?

Депресијата како состојба е главно потисната, невидлива и тешка за дијагностицирање.

6-naviki-na-lugeto-koi-imaat-potisnata-depresija-dali-ste-megu-niv-01.jpg

Лицата со потисната депресија не се во состојба да се изборат со своите внатрешни демони, затоа што не се ни свесни дека тие постојат.

Благодарение на оваа листа сега можете да откриете дали вие или некој ваш близок се бори со овој проблем.

1. Претерано сте среќни и оптимисти

Самото претворање и лажирање на среќа и оптимизам во преголеми мерки е првиот знак. Личностите кои живеат со потисната депресија често може да се вбројат во „најсреќните луѓе кои ги познавате“, иако реалноста е сосема спротивна. Секое смеење со сила кога знаете дека поминуваат низ тешки моменти е знак за аларм.


2. Проблем со напуштање

Кај лицата со потисната депресија лесно се создава сериозен страв од тоа да бидат напуштени, па тој понатаму создава изолација и губење на блиските.


3. Професионалци во криење на приказните

Ова може да се однесува од исекотината на рацете, па сè до причината зошто ја прескокнуваат вечерата. Личностите кои живеат со било каков облик на депресија знаат во секоја ситуација што треба да кажат за да го одвлечат вниманието од себе.


4. Неправилни навики со исхраната и спиењето

Тоа може да биде мал знак или фактор, но има големо влијание врз состојбата. Премногу или премалку сон или премногу или премалку храна се еден од честите симптоми кои не можат да го контролираат.


5. Детално размислуваат за животот и смртта

Не секоја личност со депресија чувствува потреба за самоубиство како што се верува, но сепак депресијата предизвикува чести размислувања на тема живот и смрт.


6. Потрага по целта во животот

Личностите со скриена депресија пробуваат на секој можен начин да ја сокријат слабоста која ја чувствуваат, па постојано се во потрага по нешто повеќе и знаат да тргнат во многу различни насоки само за да ја откријат целта на своето постоење.

Д. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

5 скриени причини зошто се чувствувате несреќно и под стрес Дали си задавате премногу обврски во текот на денот, па немате време да ги заврш...
Најлесно се откриваат со магнет - Во што се разликуваат лажните монети од 2 евра од вистинските? Обрнете внимание на изгледот, тежината и големината на монетите... Како да препо...
Секојдневието на жените, низ забавни илустрации Секоја жена со ретка коса знае колку е тешко да се направи тренди фризура, а и в...
10 практични кујнски предмети од TEMU до 150 денари Апаратче кое ги лупи јајцата како од шега, метален држач поради кој нема да си г...
9 забавни илустрации: Колку се разликуваат во исти ситуации мажите и жените? Како реагираат мажите, а како жените по раскинувањето? А колку време им треба да...
Македонци откриваат: Кој е најчудниот совет што го добиле, а се покажало дека функционира? Грижи се за првото дете како да ти е второ; Не комплицирај и не анализирај,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg