Новогодишни ветувања кои никогаш не ги исполнуваме
Секоја година си ветуваме разни работи и никогаш не се придржуваме кон ветувањата. И секогаш се прашуваме зошто правиме такви ветувања и дали некогаш воопшто ќе ги исполниме.
Еве неколку работи кои голем дел од нас ги ветуваме и после кратко време ги прекршуваме:
1. Повеќе да вежбаме
Ам, не фала.
2. Да јадеме здраво
Дали мораме?
3. Да се трудиме околу пријателите и да излегуваме почесто
Ах, колку ги сакаме деновите поминати во кревет со маратонско гледање серии...
4. Да штедиме пари
Не знаеме како. Не можеме.
5. Да пиеме помалку
А, со тоа и да се однесуваме пристојно...
6. Да средуваме и чистиме почесто
Музиката и крпата за прашина да станат најдобри пријатели...
7. Да го исклучиме телефонот и уживаме во моментот
Само уште една слика на Инстаграм...
8. Да вежбаме дома
Потребна е само желба...
9. Да бидеме позитивни
Но, животот понекогаш тотално не е фер.
М. Д. | Црнобело