Како да испиете многу, а да останете трезни?

Aлкохолот е неизбежна состојка која се среќава на прославите и вечерните излегувања, но неговата консумација знае да ни го уништи расположението наредниот ден.

kako-da-ispiete-mnogu-a-da-ostanete-trezni-01

Навистина звучи возбудливо таа алкохолна авантура, но за да го избегнете мамурлакот наредниот ден и да ја спречите болката во вашата глава, држете се до следните совети. Така ќе успеете да испиете многу, а сепак да останете трезни и без никакви последици наредното утро.

1. За време од еден час пијте само еден вид на алкохолен пијалак

Пијалакот кој го пиете може да биде пиво, чаша вино или мешан пијалак. Без разлика кој тип на пијалак го консумирате, пробајте да го пиете истиот во рок од еден час, а не да мешате разни пијалаци за тоа време. 

Пијалакот пијте го бавно и полека, не се форсирајте да пиете на екс. Ако се придржувате до ова правило ќе можете да испиете многу, а сепак да останете трезни.


2. Пијте вода пред, помеѓу и после консумирањето на алкохолот

Докажано е дека водата помага при апсорбцијата на алкохолот и овозможува освежување пред да ја наполните следната чашка. Трудете се да пиете чаша вода пред секој алкохолен пијалак, а откако ќе ја испиете чашата со алкохол повторно напијте се чаша вода. На тој начин ќе можете да пиете многу, а да останете свежи и трезни.

Пијте ја водата бавно и подолго од десетина минути за да обезбедите што поголемо време помеѓу два алкохолни пијалаци.


3. Консумирајте мешани пијалаци, кои содржат алкохол

Кога пиете држете се до мешани пијалаци кои можете да ги контролирате. На пример, наместо да испиете цела чаша чиста водка, пијте половина чаша водка измешана со некој овошен густи сок. Така постојано ќе бидете со чашка во рацете, ќе уживате во алкохолот, а сепак ќе се разбудите без последици наредното утро.


4. Додека пиете потрудете се да јадете нешто

Иако храната не го спречува процесот на пијанење, сепак може да помогне побавно спроведување на алкохолот до вашиот мозок. Исто така, помага да направите пауза помеѓу консумирањето на алкохолот и спречува пиење на екс, а дозволува бавно пиење и уживање во алкохолот.


5. Поставете си граница

Поставете си граница во зависност од тоа колкава е вашата толеранција на алкохол, ако знаете дека после четири чашки вие нема да можете да стоите на нозе, тогаш распоредете го времето така што до крајот на забавата ќе испиете три чашки од вашиот омилен алкохол.

Исто така, наместо да плаќате со картичка што ви овозможува неконтролирано пиење сè додека не испразните сè од неа, понесете пари, па ќе престанете да пиете кога ќе ги потрошите. Секако понесете доволно за да се напиете, а не за да се испијаните, така наредното утро нема да жалите за парите кои магично ги снемало од вашата картичка или за мамурлакот кој би ве држел цел ден.

Колку и да звучи демоде, добра забава не значи забава во која вие тотално ќе се изгубите. Подобро е да останете во последните борбени редови, расположени, а не пијани, отколку да ја напуштите забавата уште пред таа да започне само поради претераното консумирање алкохол. 

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Морничава исповед на жена: „Моите родители беа сериски убијци – ја убија и сестра ми“ „Сакав да побегнам од Англија во Австралија, но не ми дозволија влез во државата...
15 луѓе кои направија пластична операција и конечно се среќни со изгледот „Операцијата на носот е најверојатно најдобрата одлука што сум ја донела во живо...
Животни совети и лекции кои ги слушаме често, но не се секогаш корисни „Сè се случува со причина. Ова е ужасен совет за ситуација во која некој е жртва...
Совети и бон-тон правила со кои ќе ги избегнете незгодите на плажа Не оставајте дупки на плажата ако вашите деца си играле и не разменувајте нежнос...
Идеи за идните родители: Каква фотосесија да направите пред раѓањето на бебето? Веќе сте пред породување и сакате да направите фотографии кои засекогаш ќе ве по...
Животни лекции кои некои луѓе (за жал) ги учат премногу доцна во животот Не можете да контролирате сè и колку побргу го сфатите тоа, толку посреќни ќе би...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg