Лоши навики кои понекогаш можат да бидат добри

Сите имаме лоши навики, а понекогаш се чувствуваме и виновно поради нив. Но, некои лоши навики, во умерени количини, всушност можат да имаат позитивно влијание врз нашата психолошка и физичка состојба.

Ovie-losi-naviki-ponekogas-mozat-da-bidat-dobri

Ова се некои лоши навики кои можат да бидат корисни:

Вознемиреноста ги согорува калориите

Иако може да биде здодевна за нас и за луѓето околу нас, вознемиреноста ни ја троши енергијата и ни помага при согорување на калории. Голем број на истражувања покажале дека лицата кои се вознемирени можат да изгорат околу 350 калории на ден. Ова се случува бидејќи вознемиреноста го забрзува метаболизмот.


Гумата за џвакање ве држи будни

Се чини дека постојат многу когнитивни придобивки од гуми за џвакање. Гумите за џвакање го зголемуваат нивото на кислородот во крвта и го поттикнуваат размислувањето и будноста.


Играње на видео игри ви ја олеснува болката

Додека некои луѓе мислат дека играње на видео игри е губење на време кое може да создаде и зависност, постојат голем број на научни докази кои велат дека играњето видео игри може да има позитивни ефекти. На пример, голем број истражувања покажаа дека децата со рак кои играат видео игри после хемотерапија чувствуваат помалку болка. Видео игрите се користи и како терапија за ублажување на болка.


Мечтаење помага при решавање на проблеми

Мечтаење е нешто што може да окупира една третина од нашите животи. Научно истражување покажа дека нашиот мозок е многу активен кога мечтаеме. Едно истражување покажува дека додека мечтаеме ги вклучуваме областите во мозокот кои се поврзани со комплексно решавање на проблемите.


Пцуењето ни помага во намалување на болка и на ослободување од стрес

Иако пцуењето е вообичаено повеќето луѓе би се согласиле дека се работи за лоша навика, сепак, пцуењето може да ви помогне во ублажувањето на болката. Пцуењето е емотивен јазик, но ако се употребува прекумерно ја губи својата емоционална приврзаност и е помалку веројатно дека може да ви помогне во ублажувањето на болката.


Хаосот може да ви помогне да ја зголемите креативноста

Ако имате неуредна работна маса или соба најверојатно ве сметаат за несредена и хаотична личност. Неодамнешното истражување укажува дека хаотичноста може да ја зајакне креативноста. Во еден од експериментите на 48 учесници им беа доделени две спротивности - неуредни и чисти соби. Учесниците биле побарани да смислат на колку начини можат да се искористат пинг-понг топките. Резултатите покажале дека учесниците во двете соби произвеле ист број на идеи, но оние во неуредните соби биле 28% покреативни.


Подригнување и испуштање гасови ублажува надуеност и болки во стомак

Иако се гледаат како лоши навики, подригнување и испуштање на гасови се нормален дел од процесот на варењето, и двете се од витално значење за доброто здравје на желудникот.

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

13 мали потези со кои луѓето секојдневно придонесуваат за подобро општество - Ги правите ли и вие? Гледам на страна кога некој на банкомат си ја внесува лозинката. Секогаш ја враќ...
Фотки од неверојатни коинциденции - мора да ги погледнете двапати за да поверувате (фото) Некои коинциденции се толку апсурдни што треба да погледнеме двапати за да се ув...
Жени откриваат: „Работи кои сакаме мажите конечно да ги разберат за нас“ „Менструалните болки за некои жени се многу болни и жените не драматизираат“. По...
„Со кафе се јаде нешто благо“: Балкански навики поради кои се дебелееме Ако се купува скара, се пресметува половина килограм месо по човек. По вака обил...
7 типови патници кои ќе ги сретнете во јавен превоз и веднаш ќе сакате да избегате (низ илустрации) Гласен патник чиј телефонски разговор го слушаат сите, дете штио упорно удира на...
12 реални фотки на луѓе кои очекуваа луксуз, но се разочараа на одморот Откако ќе ги видите овие реални фотографии, ќе ви стане жал за некои од овие луѓ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg