Употребувајте ја фантазијата секојдневно
Нашата способност свесно да го искусиме светот околу нас е еден од неверојатните енигматски процеси според денешните научни истражувања, но да застанеме за момент и размислиме за ова.
Ние имаме способност да го замислиме светот околу нас и без стимулација. Со помош на ментални слики можеме да ја видиме иднината.
Менталните слики се, исто така, важни за организирање на нашите секојдневни животи. Способноста да ги замислиме објектите и ситуациите ни овозможува да размислуваме успешно и да ги планираме идните настани.
Менталните слики ни овозможуваат, во извесна смисла, да го тестираме животот пред всушност да го доживееме одредениот настан.
Повеќето од нашите фантазии ни служат за забава, понекогаш за разумност, а понекогаш за опстанок.
Секое користење на имагинација ја зајакнува нашата фантазија. Секоја употреба на имагинацијата нè учи како да замислуваме и фантазираме покреативно.
Играњето со фантазијата може да биде забавно, а имагинацијата е вратата кон едно игралиште кое е толку големо колку што можете да замислите да биде.
М. А. | Црнобело