Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Зошто жените не признаваат дека гледаат порно филмови?

Ретко која жена ќе признае дека гледа порно филмови...

8-pricini-zosto-zenite-ne-priznavaat-deka-gledaat-porno-filmovi

Со мажите е поинаква приказната. Голем дел од нив признаваат дека редовно гледаат порно филмови.

Дали некогаш сте се запрашале зошто жените не признаваат дека гледаат порно филмови и покрај тоа што повеќето од нив ги гледаат?

1. Сé уште се смета за табу тема која поради некоја причина, повеќе важи за жените отколку за мажите. Двојни стандарди! Поради тоа жените не признаваат дека гледаат порно, односно не сакаат да ги етикетира општеството.

2. Се срамат. Ова, исто така, произлегува од табуата. Во традиционална смисла, тоа е нешто што жените „не би требало“ да го прават.

3. Не е женствено. Се работи за општествен стереотип за "соодветно" однесување за жените.

4. Се плашат од осудување. „О боже, гледа порно? Мора да е промискуитетна!“. Верувале или не, ова е реакција на многу девојки кога ќе дознаат дека други девојки гледаат порно.

5. Мислат дека тоа би можело да остави погрешен впечаток за жените кај луѓето. Порното е најчесто поврзано со перверзии. За мажите ова и не е премногу голем проблем. Впрочем, порно индустријата главно се врти околу мажите. За жените тоа може да ги натера луѓето да мислат дека се на граница на сексуална девијација.

6. Бидејќи ни другите жени не го признаваат ова. Ако една жена вели дека не гледа порно, шансите се дека ниту другата жена нема да признае.

7. Едноставно не сакаат да кажат. Понекогаш не постои одредена причина. Гледање на непознати луѓе како се задоволуваат не е нешто што другите луѓе треба го знаат. Нема ништо лошо во тоа. Секој има тајни, а некои жени претпочитаат да го чуваат ова како една од нивните тајни.

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

7 лоши навики кои се, всушност, добри за вас Знаете ли дека озборувањето помага да создадете поголема блискост врска со луѓет...
Што значи ангелскиот број 1111 - Ви се појавува ли во животот? Дали и вие сте од оние луѓе кои бараат магија во секојдневието? Ако е така, тога...
Вреќички за чај и уште 3 работи кои се измислени сосема случајно Знаете ли дека пластелинот првично се продавал како средство за чистење ѕидни та...
Нуркање со ајкули и уште 19 опасни туристички атракции за „зависници“ од адреналин Дали би се качиле на зиплајн? А, дали би нуркале затворени во кафез покрај ајкул...
Фотки што ќе ве разгневат – Луѓе кои живеат со „цимер од пеколот“ Не си ги мие садовите, не ги фрла кутиите од пица, чека некој друг да му ја собе...
8 запросувања, Адел прекина концерт за да гледа трка: Интересни факти за ЛОИ во Париз (a немаат врск... Иако на прва ќе си помислите дека Новак Ѓоковиќ, Симон Бајлс (поради бројот...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg