Зошто некои луѓе колку и да ја бркаат среќата, никогаш не ја достигнуваат?

Голем дел од она што го правиме секој ден има цел да не направи среќни.

Zosto-srekata-ne-e-sekogas-srekna

Поради тоа ја јадеме храната која ја сакаме, бираме видео игри наместо работа, остануваме надвор до доцните ноќни часови и покрај тоа што треба да станеме во утринските часови.

Нашите животи се посветени на бркање на среќата. Но понекогаш, досадата, тагата и стресот не враќаат во реалниот свет.

Постои причина за тоа, а ова се неколку вистини скриени зад маската на нашата колективна потрага по среќата:

Можете да бидете генетски неспособни за среќа

Нашите гени се одговорни за многу работи, а една од тие работи е одредување колку сме генерално среќни. Додека средината секако има огромно влијание врз среќата, исто така и биологијата игра голем дел. Истражувачите откриле специфичен ген кој е поврзан со веројатноста да се биде среќен или несреќен во животот. Овој ген се нарекува 5-HTT, а поврзан е со производството на серотонин во организмот, кој влијае на способноста да се фокусираме на добрите нешта во животот.


Трето дете

Неколку истражувачи го истражувале влијанието на среќата на родителите. Тие откриле дека, иако постојат некои случаи каде што децата ја зголемуваа среќата кај родителите, родителите кои имале трето дете биле помалку среќни.

Тие, исто така, утврдиле дека, во однос на среќата, постои оптимално време за имање деца. Оние кои беа на возраст од 35 и 49 години беа најсреќни со доаѓањето на детето, додека оние кои имале деца помлади беа емотивно депресивни.


Постои разлика помеѓу задоволство и среќа

Задоволството се смета за моментално чувство на благосостојба кое нема да трае, бидејќи зависи од нештата околу нас кои не можеме да ги контролираме. Според некои психолози задоволството може да делува опасно на мозокот, како цигарите. Според психотерапевтот Филип Чард, вистинската среќа може да постои дури и кога не постои задоволството.


Вреднувањето на времето не прави мизерни

Сите сме ја слушнале фразата: "Времето е пари," што е точно, бидејќи сé поретко наоѓаме време за себе и сè поретко уживаме во тоа. Колку повеќе сме платени на час, толку повеќе работиме и сметаме дека ова е најдобар начин да го поминеме нашето време. Единствената работа која не можеме да ја зголемиме е самото време.


Се плашиме од среќата

Иако повеќето би рекле дека една од нашите цели во животот е да се биде среќен, тоа не е секогаш точно. Според едно истражување среќата не е тоа што го сакаме, туку несреќата. Стравот од среќата е компликуван, бидејќи, за некои луѓе, идејата да се биде среќен мора да наговестува нешто лошо што може да се одрази во форма на анксиозност. Само едно среќно искуство произлезено од катастрофални вести може да го направи човекот да мисли дека е среќен. Ова е една од причините зошто луѓето кои се депресивни имаат проблеми да прават работи кои би можеле да бидат забавни. Тие продолжуваат да веруваат дека било кое среќно време или место само ќе биде големо разочарување на крајот. 

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Разводи, ненадејна смрт – Луѓе за кои милионската добивка на лотарија била клетва наместо благослов Маргарет Лори од Ирска освоила над 27 милиони евра на лотарија, но поради ова се...
Поучна приказна за озборувањето која ќе ве научи како да се справите со „злобните јазици“ Мајка ми ми раскажуваше како се справила со пријателките што ја озборувале, со р...
Фотки кои ќе ве утешат: Луѓе кои имале полош ден на работа од вас Скинати фармерки, но и колеги кои како да забораваат дека во канцеларијата има и...
Малата Натали е хит на ТикТок со нејзиното маче – заедно јадат, спијат и си играат (видео) Животните и децата имаат нераскинлива врска, а доказ за тоа се Натали и нејзинот...
14 забавни фотографии кои раскажуваат неочекувани приказни „На татко ми му купив картонска фигура од Мистер Бин во реална големина и сега ј...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg