Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Се спакувавте за зимување?

На многу патници првата асоцијација за зима им е комплицираното пакување на зимска, дебела облека, јакни, чевли, опрема. За да не скокате врз...

 

...  патничкатa торба или да седите на истата само за да успеете да ја затворите, еве неколку совети како да се справите со ваквата ситуација.

Ладното време не мора да значи дека мора да носите само дебела облека. Оние кои голем дел од времето планираат да го поминат на ски стаза или да се занимаваат со други зимски спортови, знаат дека најефективен начин на задржување на топлината е носење на некоколку слоеви на потенка облека.

Првиот слој треба да биде широк и по можност да не е памучен бидејќи памукот ја задржува влагата и не грее. За таа намена, добри се полиестерот, волната или свилата. Волната е добар избор за втор слој, а последниот би требало да биде отпорен на ветер и влага.

se-spakuvavte-za-zimuvanje1

Спакувајте повеќенамеснска облека. Доколку планирате поголем дел од времето да го поминете во затворена просторија, не морате да се грижите што повеќе пати ќе го носите истиот џемпер, бидејќи по влегувањето во просторијата секако ќе го соблечете.

Пакувајте го куферот стратешки. Врз повеќе поголемите работи редете ги помалите и замотајте ги заедно. Така штедите простор и ја чувате гардеробата од гужвање. Никако немојте да ги заборавите вашите топли ракавици и чорапи. Искористете го просторот помеѓу облеката во куферот каде ќе ги сместите замотаните чорапи, ракавици, капи и долна облека.

Капата и ракавиците треба да бидат од непропустливи материјали како би избегнале наводенување. Подобро да спакувате еден пар квалитетни ракавици, него ли неколку пара волнени кои ќе морате веднаш да ги замените штом се наводенат.

Јакните и ски оделата можете да ги спакувате во вакуум кеси. Но внимавајте, во ваквите кеси пакувајте само работи кои не се гужваат, советуваат порталите за патување.

Најмногу парчиња облека носете на себе. Без разлика на тоа дали таму од каде доаѓате е ладно, можеби онаму каде што ќе одите да биде неподносливно ладно. Затоа бидете подготвени - облечете јакна и чизми со што и воедно сте ослободиле простор во куферот за други работи. Шалот, капата и ракавиците може да ви бидат сместени по џеповите.

Среќен пат!

Би можело да ве интересира:

Ситници во домот за кои гостите нема да ви преречат, но сигурно ги забележуваат Валкан под во кујната и мали дефекти низ домот – за кои ситници гостите можеби н...
Најстрашните предупредувачки знаци ширум светот - ќе ви ја „смрзнат крвта“ Предупредувачки знак кој гласи: „Девојки не користете автостоп на ‘автопатот на ...
11 знаци дека сте „црната овца“ во семејството Успесите ви се поздравени со потсмев... „Честитки за изложбата, убаво е да имаш ...
Богати и славни личности кои биле без „скршен денар“ кога починале Витни Хјустон должела дури 20 милион на нејзината издавачка куќа, додека за погр...
5 чести грешки што треба да ги имате предвид пред да се тетовирате Добро размислете која големина најмногу ќе ви одговара на вашата тетоважа, а ако...
Не оди на забави, не комуницира со колегите: Строгите правила што ги следи Барон Трамп на факултет Генерално од безбедносни причини, Барон Трамп не смее да го сподели својот телеф...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg