Од што треба да се откажете во вашите 30-ти години?

Кога ќе наполните 30 години најверојатно некои од вас ќе сакаат да го сменат својот див и луд живот со посмирен начин на живот. Некои од вас ќе сакаат да го сфатат животот малку посериозно, а дел од вас нема воопшто да се мисли за годините и ќе продолжи да го живее својот живот на начин на кој сака. И двете решенија имаат добри и лоши страни.

Od-sto-treba-da-se-otkazete-vo-vasite-30-ti-godini

Сепак, тука се споменуваат работите од кои би требало да се откажете во своите 30-ти години, доколку сакате да го смените начинот на животот и доколку не сте задоволни со моменталната состојба.

Пиење, јадење, гледање ТВ серии по цели денови, играње, спиење до касните попладневни часови. Овие работи најчесто ги правиме во своите 20-ти години, но до своите 30-ти години би требало да бидеме премногу зафатени за да го трошиме времето на овие “хобија“. Се разбира, ова не значи дека своето слободно време не смеете да го користите за играње игри, гледање серии, но овие работи не смеат да ви го трошат времето целосно.

Можеби сé уште имате неколку пријатели од средно училиште или факлутет кои се во вашиот живот, но всушност не ви се пријатели веќе извесно време. Избегнувајте ги луѓето кои сакаат да пијат цела ноќ, кои доаѓаат само кога им треба нешто од вас или кои прават изговори кога имате потреба да разговарате со некого. Колку што сте постари, толку помал ќе биде вашиот круг на пријатели, што и не е нужно лоша работа. На овој начин барем ќе знаете кои ви се вистинските пријатели во животот.

Во вашите рани зрели години сигурно почесто сте прифаќале да работите било која работа која ќе ви помогне да ги платите сметките. Меѓутоа, ако не сте задоволни со моменталната состојба, односно работното место треба да сторите сé што е во ваша моќ да ја промените истата пред да биде премногу доцна.

Можеби не сте каде што мислевте дека ќе бидете. Можеби работите од минатото ве воздржаа од постигнување на вашиот целосен потенцијал. Но, дојде време да се откажете од наоѓање изговори. Дури и ако не сте го направиле тоа што сте го сакале до овој момент, пред вас е сé уште долг пат. Не дозволувајте тој да не води никаде.

Престанете да се грижете за тоа што мислат другите луѓе за вас. Во текот на тинејџерските години сите сме се надевале дека луѓето со текот на годините ќе престанат да ги оценуваат и етикетираат другите луѓе. За жал, тоа не е случај. Луѓето се исто толку сурови како возрасни како што беа како тинејџери. Иако не можете да го смените овој факт, треба да се обидете нивните зборови да не влијаат врз зас. На крајот од краиштата, на кого му е гајле што некој мисли.

Кога ќе наполните 30 години треба да разберете дека постојат работи врз кои немате контрола и никогаш нема да бидете во можност да ги промените. Исто така треба да знаете дека имате моќ да влијаете на светот на некој начин. 

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 фото-докази дека мажите може да бидат ужасни за соживот Oд јадење на питата од средина до хаос после нивниот кулинарски подвиг во кујнат...
Имаш 7 години и се стемнува, другарите те викаат да си играте… Се сеќавате ли на безгрижните и топли лета во детството, кога едвај чекавме да з...
Морничава исповед на жена: „Моите родители беа сериски убијци – ја убија и сестра ми“ „Сакав да побегнам од Англија во Австралија, но не ми дозволија влез во државата...
Австралијанка со шминка се трансформира во светските ѕвезди (видео) Од Леонардо ди Каприо преку Хери Стајлс, со Зек Ефрон - Евелин Коста прави невер...
24 работи што треба да престанете да ги правите во 2024 (за да бидете посреќни и поуспешни) Престанете да им посветувате време на погрешните луѓе, да се плашите да влезете ...
Застарени бонтон правила што никој не ги почитува Мажите не треба да чекаат жената да им пружи рака за да се ракуваат, а во рестор...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg