70 години старо писмо за Дедо Мраз конечно го наоѓа својот сопственик
Градежниот работник Луис Шо работел на реновирање на куќа кога неочекувано пронашол мало парче хартија поставено во оџакот.
Отворајќи го парчето хартија сфатил дека станува збор за писмо до Дедо Мраз кое било сокриено во оџакот повеќе од 70 години. Она што најмногу го зачудило Луис е во колку добра состојба останало писмото низ текот на годините.
Текстот бил совршено читлив, а работите кои момченцето ги барало го поттикнале да сфати колку многу се смениле работите од тогаш до сега.
Сè што барало малото момче се: „Тапани, кутија со креди, војници и индијанци, свилена вратоврска, кутија за моливи...“.
Луис објавил фотографија од писмото на својот профил на Фејсбук и се обидел да го најде момчето кое многу години претходно го напишало тоа писмо до Дедо Мраз.
Pulled a chimney down this morning from a 1930s semi in Caversham, found this Christmas list from a kid called David....
-->Posted by Lewis Shaw on Monday, December 7, 2015
Потрагата вродила со плод и на крајот се појавил 79 годишниот Дејвид Хејлок кој само што го погледнал писмото го препознал својот детски ракопис и своите детски желби.
Но, она што најмногу го трогнало Луис се скромните желби кои Дејвид ги имал како дете и кои се сосема поинакви од желбите на денешните деца.
Токму затоа тој и неговите пријатели решиле да му ги исполнат желбите на Дејвид и му ги купиле сите работи кои ги побарал во писмото.
М. С. | Црнобело