Колку време можете да издржите без социјални мрежи и смартфон?

Дали вашиот смартфон е постојано активен и постојано до вас? Дали станувате нервозни само размислувајќи колку мејлови се трупаат во вашето сандаче? Дали мислите дека сите на Инстаграм имаат подобар живот од вас?

kratok-vodich-za-digitalna-detoksikacija-i-beneficiite-od-nea-001.jpg

Ако посегнувате по телефонот уште кога ќе се разбудите, не можете да се сетите кога последен пат сте читале книга од вистинска хартија или пак имате милион оправдувања зошто не можете да најдете време за ново хоби, тогаш вам ви е потребна дигитална детоксикација.

Детоксикацијата е популарна во исхраната – здрава е за прочистување на системот и се полните со енергија.

Но, дигиталната детоксикација навлегува во емотивниот живот и дава искрен поглед на тоа колку (понекогаш) технологијата е штетна.

Кога ќе почнете да одолевате на „потребата“ постојано да бидете онлајн, тогаш ќе носите поздрави одлуки во сите сфери од животот.

Краток водич како да направите дигитална детоксикација

1. Одберете датум на кој ќе ја исклучите дигиталната техника – компјутери, телефони, лаптопи, таблети и другите уреди.

2. Одлучете колку долго ќе трае детоксикацијата и придржувајте се до неа – препорачливо е не помалку од 24 часа.

3. Дигиталната детоксикација искористете ја за да се посветите на нешто што одамна сакате да го направите – исчистете го плакарот, читајте книга, пробајте нов рецепт...

4. Забележете што чувствувате за време на детоксикацијата – добро е да водите дневник поврзан со неа.

5. За да го завршите процесот, зададете си 3 цели кон кои ќе се стремите да ги остварите – целите треба да бидат поврзани со вашиот однос кон технологијата.

6. Уживајте во новата перспектива!

Дигиталната детоксикација има многу бенефиции: да останете приземјени во овој динамичен свет и да создадете повеќе време за себеси – а тоа доведува до поголема продуктивност и подолготрајно чувство на среќа.  Кога ќе се исклучите од виртуелниот свет имате можност да ги видите нештата од поинаков агол.

Уште една есенцијална бенефиција се подобрените односи. Сетете се кога последен пат сте биле излезени со пријатели и колку често вие или пријателите го проверуваат телефонот. Секогаш кога ќе го направите тоа, вие всушност си го скратувате времето поминато со луѓето што ги сакате.

Справувањето со пријатни и непријатни ситуации и учењето да бидете во секаков момент, без разлика дали тој е добар или лош е една од најзначајните вештини со кои можете да се здобиете.

Ако ова ви изгледа премногу тешко, тогаш пробајте да го игнорирате Инстаграм неколку денови и видете како ќе оди тоа.

Исто така, може да си ветите дека нема да го проверувате телефонот за нови нотификации. Почнете од малку и потоа ако се чувствувате сигурно, пробајте со повеќе.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Чоколатца со грав и уште 9 работи што можете да ги видите само во Јапонија (фото) Автомати за сè, вклучувајќи и преливи за салати, како и тоалетни школки во лифто...
Детали од секојдневието на Бразилците што ќе ве зачудат Доцнењето им е најнормално нешто, а трагите од сончање се знак за убавина – како...
Полноќно сонце, температури до -57˚C: Како изгледа животот на база на Антарктикот? (видео) Градежниот инженер Мети Џордан има поминато вкупно 400 дена на Антарктикот, каде...
Некогаш згодни фраери, денес проќелавени и збрчкани: Како стареат најпопуларните европски актери? Од Колин Фарел, преку Роуан Аткинсон, до Колин Фирт - како изгледаа популарните ...
Породување, камен во бубрег: Најсилни болки кои може да ги почувствува човекот Фрактурата на пенисот, позната и како „најлошиот кошмар на секој маж“ ...
Фотки што ќе ве изнервираат: Ужасни патници во авион кои мислат само за себе Луѓе кои гледаат филмови без слушалки, па и луѓе кои јадат варени јајца во авион...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg