Андроген модел во секси долна облека на Victoria’s Secret тврди дека убавината е во различностите (фото)
По спектакуларното шоу на Victoria’s Secret каде се појавија модели со беспрекорна линија, Реин Дов е првиот андроген модел кој позира во истата секси долна облека од овој бренд.
Реин создал свој каталог со секси фотки на кои подоцна им фотошопирал лик од познати ангели на Victoria’s Secret.
На тој начин смета дека поставува нови стандарди за убавина.
Дов вели дека секојдневно се среќава со брутални ситуации во светот на модата.
„Постојано ми велат дека не изгледам како жена, па нема шанси да бидам дел од едиторијали и кампањи каде се рекламира женска облека. Затоа решив да започнам свој проект. И да, изгледам како жена, затоа што не сите жени изгледаат како ангелите на Victoria’s Secret.“
„Свесен сум дека овие фотографии може да ги вознемират луѓето, па дури и да и наштетат на мојата кариера, но знам и дека првиот чекор кон промената е многу поважен отколку ризикот.“