Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Зошто некои луѓе стануваат агресивни кога се гладни?

Дали некогаш сте се налутиле на некого без одредена причина, бидејќи бевте гладни? Или некој вас ви се налутил од истата причина?

Zosto-nekoi-luge-stanuvaat-agresivni-koga-se-gladni

Зошто се случува ова? Одговорот лежи во некои од процесите кои се случуваат во вашето тело кога му е потребна храна.

Јаглехидратите, протеините и мастите стануваат шеќери, аминокиселини и слободни масни киселини. Овие хранливи материи влегуваат во крвотокот од каде што се дистрибуираат до вашите органи и ткива и се користат за енергија.

Како што поминува времето после последниот оброк, износот на овие хранливи материи кои циркулираат во крвта почнува да опаѓа. Ако нивото на гликоза падне доволно ниско, вашиот мозок тоа ќе го доживе како состојба опасна по живот, бидејќи вашиот мозок е зависен од гликозата.

Кога сте гладни потешко можете да се контролирате и станувате агресивни.

Кога нивото на гликозата ќе се намали до одреден степен, мозокот ослободува хормони кои ја зголемуваат количината на шеќерот во крвта.

Главни хормони кои мозокот ги ослободува се: хормонот за раст, глукагонот и адреналинот. Адреналинот е хормон за стрес кој се ослободува во сите видови на стресни ситуации.

Една од причините зошто гладот и агресијата се поврзани е бидејќи ги контролираат заедничките гени. Еден од нивните производи е невропептид Y, хемикалија која го стимулира нагонот за јадење. Покрај тоа што е одговорен за чувството на глад, невропептидот Y, исто така ја контролира агресијата и лутината.

Лутината и агресивноста се очигледно природен одбранбен механизам против гладот. 

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Златни“ правила за удобно летање со авион, според стјуардеси Ако ве болат ушите, купете тампони за уши и не ставајте вредни работи, како лапт...
Детали за животот на Швеѓаните што се „културен шок“ за секој турист Професорите не очекуваат учениците да им се обраќаат со „професоре“, а пијалаци ...
14 градови и области со уникатно урбанистичко планирање (фото) Венеција во Италија, кружно соседство во Копенхаген, гробишта во Париз – урбанис...
Знаци по кои ќе ги препознаете луѓето што ве озборуваат и ве осудуваат Да бидеме отворени: сите понекогаш знаеме да ги осудуваме другите и тоа е сосема...
Авионско тркало и уште 11 работи кои сигурно не сте виделе како изгледаат однатре (фото) Сте виделе ли каков механизам се крие во амбалажите за пена за бричење? Сте в...
Работи што во минатото беа неприфатливи, а денес се секојдневие, низ илустрации Дискриминација на жените врз која било основа. Учење на децата дека старите секо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg