Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Што треба да правите наутро? 10 совети од неверојатно здравите луѓе

Се огласува алармот и го кликаме „снуз“ копчето. Ова се случува уште неколку пати во текот на едно утро.

shto-treba-da-pravite-nautro-10-soveti-od-neverojatno-zdravite-lugje-01.jpg

На крај, кога веќе немаме време за губење, скокаме од креветот, набрзина се тушираме, излегуваме од домот носејќи истуткана кошула и набрзина земаме кафе на пат до работа или на училиште. И секој ден се убедуваме дека од утре ќе ги промениме нашите навики.

Иако ваквата утринска рутина обезбедува повеќе сон, голем дел медицински експерти инсистираат дека започнување на денот под голем стрес не е здраво.

За разлика од нас, постојат луѓе кои знаат што прават (да, навистина!) и ова се нивните совети:

1. Направете рутина за спиење и држете се до неа

Елиминирајте го утринскиот хаос така што ќе легнувате и станувате во исто време секој ден. Можеби изгледа чудно, но ова е од есенцијална важност за вашето здравје.

Вашиот ритам на живеење брзо се нарушува ако легнувате еднаш во 10, па еднаш во 12. Тоа ви ја исцрпува енергијата и ве прави да бидете поуморни.

Пробајте да направите распоред за спиење и будење кој најдобро ви одговара.


2. Пробајте да се будите што е можно порано

Дозволете си да имате доволно време да ги постигнете утринските цели и да го промените ритамот на целиот ден.

Ако станете во 6 часот наутро имате доволно време да завршите сѐ што ви е планирано за денот. Дури и да го наместите креветот!


3. Пијте многу вода

Не сте се напиле ништо од претходната вечер, па затоа е добро да се рехидрирате, а водата го забрзува метаболизмот.

Еден знак по кој ќе ја познаете дехидратацијата е бојата на урината т.е. таа не смее да биде темножолта.

Важно е да останете хидрирани бидејќи водата ви помага да го регулирате нивото на натриум во телото, што е од исклучителна важност за вашето здравје.


4. Вежбајте пред да го започнете денот

Утринското вежбање ќе ви даде дополнителна енергија и задоволство. Утрото е многу подобар период за вежбање отколку на крајот од денот, затоа што имате многу повеќе енергија. Плус, наутро немате изговори.


5. Јадете здрав и балансиран појадок

На телото му е потребна одредена енергија за да може да се справи со активниот ден. Потребен ви е добар баланс од протеини, здрави масти и јаглени хидрати.

Добар избор ви е омлет со спанаќ, кељ, домат и авокадо.

А подоцна, за ужина мусли со боровинки и грозје.


6. Медитирајте

Најдобро време за медитирање е веднаш откако ќе се разбудите или после вежбање. Медитацијата помага да се приземјите и правилно да ги насочите емоциите.

Воопшто, медитацијата ќе направи да се чувствувате поблагодарно кон животот и кон денот.


7. Читајте

Утринското читање може да има бројни придобивки – од ослободување од стрес, до размрдување на мозокот.

Многу е важно да си посветите доволно време себеси и плус, книгите ви помагаат да се справите со предизвиците на денот.


8. Пишувајте дневник

Постојат многу позитивни страни на пишувањето дневник – ќе ви ја подобри креативноста, ќе ви ја зацврсти дисциплината и довербата, а тоа ќе ви помогне да го пребродите денот.


9. Слушајте музика

Музиката го ослободува мозокот. Наполнете се со позитивна енергија со нешто весело на пат на работа или на училиште.

Брзиот ритам ќе ги активира центрите на мозокот одговорни за логичко размислување и креативност. Тоа е одличен начин како да го почнете денот полн со активности.


10. Кажете „те сакам“

Искажувањето на благодарност и изразувањето љубов кон некого може да има моќни здравствени придобивки и за вас, но и за луѓето околу вас.

Да не спомнуваме дека љубовта, без разлика дали е романтична или пријателска, го ублажува стресот и го олеснува справувањето со денот. 

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бурниот љубовен живот на Пикасо – имал стотици девојки, не бил верен на ниту една Две негови љубовници си го одземале животот, а две добиле нервен слом. На ниту е...
Како културно да се справите со некултурните луѓе, низ илустрации Како да одговорите на забелешките од типот: „Леле си се здебелила“, „Знаеш дека ...
10 работи што денес ни се смешни, а биле сосема нормални во минатото (фото) Во 1920-тите биле измислени здолништа за капење, но, многумина сметале дека овие...
Несреќи, бизарни трагедии: „Најпроколнатите“ богати и моќни семејства Џеки Кенеди била „вплеткана“ во две проколнати семејства – Кенеди на нејзиниот у...
5 чести грешки што треба да ги имате предвид пред да се тетовирате Добро размислете која големина најмногу ќе ви одговара на вашата тетоважа, а ако...
Артист од Холандија прави забавни уметнички инсталации низ Амстердам (фото) Френк де Руве e уличен уметник од Амстердам кој работи под називот „Френки“ и се...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg